Faculty of Design and Technologies of Furniture and Interior
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/7
Browse
2 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Влијание на течни агенси врз површини од јасен лакирани со полиестерски лак(Шумарски факултет-Скопје, 2002-11) ;Манев, Трајче ;Бахчеванџиев, КонстантинМанева, АнастасијаИспитувана е постојаноста на лакирани масивни и фурнирани површини од јасен со наносен систем од полиестерски лак, на делувањето на течните агенси: дестилирана вода, етил алкохол 48%, кафе, масло и ацетон. Подлогата е брусена со брусен систем 120+180. Како масивните, така и фурнираните површини се лакирани со по два наносни система од полиестерски лак (60 РГ + 250 ПЕ и 60 РГ + 300 ПЕ). Добиените резултати за постојаноста на лакираните површини се прикажани на два табеларни прегледа и четири графички прикази. Обработените површини со полиестерски лак покажуваат висок степен на постојаност на делувањето на течните агенси. Делувањето на сите применети течни агенси не предизвикува промени на обработените површини со полиестерски лак - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Атхезија на површини од бука лакирани со нитроцелулозен лак(Шумарски факултет, 2002-11) ;Манев, Трајче ;Бахчеванџиев, КонстантинМанева, АнастасијаВо трудот се изнесени резултати од испитувањата на квалитетот на лакирани површини од бука. Компаративно е испитувана атхезијата на лакирани масивни и фурнирани површини од бука со наносен систем од нитроцелулозен лак. Подлогата е брусена со брусен систем 120+180. Како масивните, така и фурнираните површини се лакирани со по два наносни система од нитроцелулозниот лак (80+80 и 80 +120). Атхезијата на системот лак-подлога е испитувана по модифицираниот по DIN 53 151 (Gitterschnitt) метод со „две вкрстени засекувања”. Резултатите за атхезијата на системот лак-подлога се прикажани преку табеларен преглед и графички приказ. Добиените резултати од испитувањата покажуваат дека големината на наносниот систем на лак, односно дебелината на филмската преслека во голема мера влијае на големината на атхезијата. Зависноста на големината на атхезијата од дебелината на филмската преслека е во обратен пропорционален однос
