Влијание на течни агенси врз површини од јасен лакирани со полиестерски лак
Date Issued
2002-11
Author(s)
Манев, Трајче
Бахчеванџиев, Константин
Манева, Анастасија
Abstract
Испитувана е постојаноста на лакирани масивни и фурнирани површини од јасен со наносен систем од полиестерски лак, на делувањето на течните агенси: дестилирана вода, етил алкохол 48%, кафе, масло и ацетон. Подлогата е брусена со брусен систем 120+180. Како масивните, така и фурнираните површини се лакирани со по два наносни система од полиестерски лак (60 РГ + 250 ПЕ и 60 РГ + 300 ПЕ). Добиените резултати за постојаноста на лакираните површини се прикажани на два табеларни прегледа и четири графички прикази. Обработените површини со полиестерски лак покажуваат висок степен на постојаност на делувањето на течните агенси. Делувањето на сите применети течни агенси не предизвикува промени на обработените површини со полиестерски лак
Subjects
