Атхезија на површини од бука лакирани со нитроцелулозен лак
Date Issued
2002-11
Author(s)
Манев, Трајче
Бахчеванџиев, Константин
Манева, Анастасија
Abstract
Во трудот се изнесени резултати од испитувањата на квалитетот на лакирани површини од бука. Компаративно е испитувана атхезијата на лакирани масивни и фурнирани површини од бука со наносен систем од нитроцелулозен лак. Подлогата е брусена со брусен систем 120+180. Како масивните, така и фурнираните површини се лакирани со по два наносни система од нитроцелулозниот лак (80+80 и 80 +120). Атхезијата на системот лак-подлога е испитувана по модифицираниот по DIN 53 151 (Gitterschnitt) метод со „две вкрстени засекувања”. Резултатите за атхезијата на системот лак-подлога се прикажани преку табеларен преглед и графички приказ. Добиените резултати од испитувањата покажуваат дека големината на наносниот систем на лак, односно дебелината на филмската преслека во голема мера влијае на големината на атхезијата. Зависноста на големината на атхезијата од дебелината на филмската преслека е во обратен пропорционален однос
Subjects
