Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
6 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Антропометриска процена на нутритивниот статус кај деца на 5 годишна возраст во Р. Македонија(Medical Faculty, Ss Cyril and Methodius University in Skopje, 2009); - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНО ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ- КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ(SHMSHM / AAMD, 2021-08-30); ; ; Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација. Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв. Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм. Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНИ ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ - КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ(SHMSHM/AAMD, 2021-08-30) ;М. Докоска ;С. Николова; Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација. Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв. Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм. Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца(2017); ;Ристо Симеонов ;Њјомза ЉуманиНаталија ЦоклескаАБСТРАКТ Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика . Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Laparoscopic hernioplasty in the treatment of female inguinal hernias in children age(Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, 2017); ;Simeonov R ;Cvetanoska VВовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Инциденцијата на индиректна ингвинална хернија изнесува од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно, за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Целта на оваа студија е да укаже на дескриптивните карактеристики на првичните случаи на примена на лапароскопската херниопластика како техника за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Примерокот опфаќа вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои во периодот од 2014/15 година, со клинички преглед, е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика Резултати: Просечната возраст на испитаниците изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Во тек на лапароскопската експлорација за ингвинална херниопластика, како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. кај 50% од испитаниците интервенцијата траела пократко од 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Аналгезија, поради жалење на болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика. За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна процедура која дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намален престој во болница, брзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Проценка на нутритивниот статус кај деца во град Скопје - компаративна анализа за периодот 2010 - 2016 година(INSTITUTE OF PUBLIC HEALTH OF REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, 2019-08-22) ;Gjetaj Jakovski, Marije; Цел на трудот беше да се направи компаративна анализа на нутритивниот статус на деца на возраст од 6 до 8 години во градот Скопје во 2010 и 2016 година. Материјал и методи: За спроведување на истражувањето во 2010 и 2016 година беше развиен протокол кој беше усогласен со протоколот на COSI истражувањето. Во двата круга на собирање на податоци во 14 основните училишта на територијата на град Скопје беа одбрани деца од второ одделение. Антропометриските испитувања се вршени според стандардите на СЗО за мерење на висина и тежина. Референците за раст на училишни деца на СЗО од 2007 година беа користени за да се пресметаат z-скоровите на стандардни девијации на индексот телесна маса-за-возраст (БМИ/В), како и за интерпретација на антропометриските индикатори. Финалната обработка на податоците и проценката беше направена со примена на WHO AnthroPlus софтверот. Резултати: Вкупниот број вклучени деца во истражувањето во 2010 година беше 324, од кои 174 машки и 150 женски деца. Во истражувањето во 2016 година беа вклучени 365 деца, од кои 183 машки и 182 женски деца. Индексот БМИ/В кај децата мерени во 2010 година покажа кај 0,3% потхранетост кај сите деца. Индексот БМИ/В покажува дека речиси кај една третина од децата постои зголемена ТТ и дебелина, со тоа што во 2010 година процентот на деца со зголемена ТТ и дебелина е повисок (32,4%) во однос на 2016 година (28,8%). Исто така, поголем процент на дебели деца се измерени во 2010 година (14,5%) во споредба со 2016 година (12,6%). Околу 5% од децата се со екстремна дебелина (% > +3СД) и се евидентирани во 2010 година, додека во 2016 година таа состојба е присутна кај 4,7%. Заклучок: Кривата на дистрибуција е поместена надесно во однос на референтните вредности, односно проблемите со исхраната на децата се поместени кон ризиците од зголемена телесна тежина и дебелина. Според тоа, и јавноздравствените акции треба да бидат насочени во тој правец. Потхранетоста, било умерена или тешка, ретко се среќава и не претставува значаен јавноздравствен проблем кај децата на оваа возраст во Македонија.
