Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Conference papers
  4. Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца
Details

Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца

Date Issued
2017
Author(s)
Ристо Симеонов
Њјомза Љумани
Наталија Цоклеска
Abstract
АБСТРАКТ
Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија.
Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика .
Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите.
Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
Subjects

ингвинална хернија

деца

лапароскопска херниоп...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

FD0F43C5-849A-44FD-B805-D4F62E83131C.jpeg

Size

2.64 MB

Format

JPEG

Checksum

(MD5):fa26860c09cfb3315e178f770401ac08

Loading...
Thumbnail Image
Name

AC1CDE74-FBF3-471B-B4E8-905FA967AE06.jpeg

Size

1.21 MB

Format

JPEG

Checksum

(MD5):7c995908b75371eb18c5f9db911cbfc0

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify