КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНИ ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ - КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ
Journal
Medicus
Date Issued
2021-08-30
Author(s)
М. Докоска
С. Николова
Abstract
Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација.
Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв.
Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм.
Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух.