Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9952
Наслов: Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија
Authors: Рашиќ Цаневска, Оливера 
Ајдински, Горан 
Keywords: инклузивна практика, инклузивна политика, предизвици и проблеми
Issue Date: 2018
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Рашиќ Цаневска, О., Ајдински, Г. (2018). Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија. In Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност. Зборник на трудови, 44-58. Скопје: Филозофски факултет.
Conference: Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност
Abstract: За да се разбере инклузијата и да се постави на вистински темели, неопходно е да се тргне од културата и традицијата на општествената заедница во која се поставува. Концептот на инклузивно образование е терен во кој се натпреваруваат и судираат контрадикторни вредности, политики и процеси. Целта на студијата е да се направи увид во моменталната состојба на инклузивното образование во Р. Македонија и да се детерминираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во инклузивниот процес. Потребните податоци беа добиени преку дескриптивна и компаративна анализа на сите законски и подзаконски акти, стратешки и проектни документи од една страна и спроведување на веб-анкетирање на 89 дефектолози во редовните основни и средни училишта, од друга страна. Анализата на податоците посочи на континуирано еволуирање на инклузивното образование и покрај повеќекратните почетоци и анулирање на работата на експертите и првите обиди на инклузивно образование. Како најчести детерминирани проблеми се недостаток на соодветна документација на учениците со посебни образовни потреби, недостаток на просторни и материјално-технички услови за работа, оценувањето на учениците и пред сè недоволна развиеност на инклузивниот процес во рамките на предучилишното воспитание. Новите промени во законската легислатива ветуваат унапредување на целокупниот воспитно-образовен процес на децата со пречки во развојот, но потребно е вмрежување на институциите во насока на искористување на сите потенцијали.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9952
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Прикажи целосна запис

Page view(s)

172
Last Week
0
Last month
checked on 30.6.2025

Download(s)

169
checked on 30.6.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.