Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/9821
Наслов: | Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј | Authors: | Тодоровска, Марија | Keywords: | Нумениј, прв (втор, трет) бог, демиург, материја, постоење | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Тодоровска, М., „Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј во Скопје, кн. 73, Скопје, 2020, 33-46. | Journal: | Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје | Abstract: | Во текстот се разгледани ставовите на Нумениј за статусот на двата, односно трите бога, во неговиот онтолошки систем. Во релација со изворното учење за трите бога накратко е споменат проблемот на неговата теориска инклинација кон Истокот, особено кон јудаизмот. Наведени се главните поенти од онтолошката заднина на поставувањето и карактеристиките на боговите – со поставувањето на Бог и Материјата, претпоставената хиерархизација на божественото според функциите, и статусот на демиургискиот принцип. Затоа, односот меѓу Првиот Бог и Вториот Бог, и можната поделеност на Првиот, или, поверојатно, Вториот Бог во два бога се разгледани низ соодветните примери од сочуваните фрагменти од делата на Нумениј. Покажана е дистинкцијата меѓу Првиот Бог, едноставен, самотен и фокусиран на себеси, и Бог кој е поделен на Втор и Трет Бог, односно космосот како производ на Вториот Бог. Идеите за поделеноста на Бог од страна на Материјата се накратко изложени, како и идеите за еквиваленцијата на Врховниот (Првиот) Бог со Доброто, и примањето на добрината од страна на Демиургот. Разгледани се тврдењата според кои може да се смета дека Првиот Бог, принципот на постоењето, владее со (сферата на) битието, а Вториот Бог, пак, со подрачјето на настанувањето. Површно се разгледани разлозите за сложеноста на теолошката концепција на Нумениј, и начините според кои конфузијата би можела да биде надмината. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/9821 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
04 32a Ucenjeto za bogovite vo ontologijata na Numenij_GZ FZF 20_todorovska_MK verzija.pdf | 379.28 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
101
checked on 24.9.2024
Download(s)
34
checked on 24.9.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.