Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9740
Title: ВЛИЈАНИЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ЕКСПОЗИЦИЈА ВРЗ ПОЈАВАТА НА АСТМА И ХРОНИЧНА ОПСТРУКТИВНА БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТ КАЈ РАЗЛИЧНИ ГРУПИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАБОТНИЦИ
Authors: Столески, Сашо 
Keywords: астма
ХОББ
алергиска професионална астма
астма влошена на работа
земјоделски работници
професионални респираторни штетности
матрици за професионална експозиција
Issue Date: 25-Jan-2016
Abstract: Вовед: Работата во земјоделството вклучува многубројни респираторни штетности кои можат да предизивикаат различни видови респираторен одговор кај земјоделските работници. Еден од глобалните здравствени проблеми во земјоделството е проблемот со астмата и хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) кои се одговорни за значаен морбидитет и морталитет кај земјоделските работници. Цел на трудот: Утврдување на влијанието на професионалната изложеност врз појавата на астмата и ХОББ кај различни групи земјоделски работници (полјоделци и сточари), одредување на карактеристиките на професионалната експозиција со примена на матрици за професионална изложеност, како и дефинирање на препораки за превенција на астмата и ХОББ и промоција на здравјето на работното место кај полјоделците и сточарите. Материјал и методи: Истражувањето претставува студија на пресек во којашто се вклучени 87 полјоделски и 83 сточарски работници професионално експонирани на респираторни штетности. Контролната група се состои од 80 неекспонирани лица (административни работници) комплементарни според полот и возраста. Кај сите испитаници е применет стандарден прашалник за хронични респираторни симптоми и се изведени спирометриски испитувања. Кај дел од нив е направен бронходилататорен тест со инхалаторен салбутамол, неспецифичен бронхопровокативен тест со хистамин, кожни prick тестови на стандардните и професионалните инхалаторни алергени и одредување на вредностите на маркерите на инфламација. Кај полјоделците и сточарите применет е прашалник со матрици за професионална експозиција на респираторни штетности. Астмата е дефинирана како симптоматска бронхијална реактивност (PC20≤4 мг/мЛ) кај лицата со уреден спирометриски наод, додека различните типови на астма поврзана со работа се диференцирани со тестовите на експозиција и елиминација со сериско мерење на врвниот експираторен проток. Дијагнозата на ХОББ е поставена со спирометриски наод на вредноста на постбронходилататорниот FEV1/FVC пониска од 0,70 кај испитаниците со диспнеа, хронична кашлица и/или кашлица со искашлување Добиените податоци се статистички обработени со програмите Statistica for Windows и SPSS 19. Резултати: Полјоделците и сточарите се изложени на широк спектар респираторни штетности како што се: прашина, гасови, чадови, пареи, пестициди, вештачки ѓубрива, сточна храна, дезинфициенси и други. Преваленцијата на назалните и респираторните симптоми во последните 12 месеци е повисока кај експонираните во однос на неекспонираните испитаници, а сигнификантна разлика е регистрирана за кашлицата, кашлицата со искашлување, хроничниот бронхит и диспнеата кај полјоделците, односно кашлицата, кашлицата со искашлување и свирењето во градите кај сточарите. Просечните вредности на спирометриските параметри се пониски кај експонираните во однос на неекспонираните испитаници, но статистички сигнификантна разлика постои за индексите на проточноста на воздухот во малите дишни патишта, и тоа MEF25, MEF50, MEF75, MEF25-75 кај полјоделците и MEF25, MEF50, MEF75 кај сточарите. Преваленцијата на позитивниот БД тест со инхалаторен салбутамол, односно реверзибилната опструкција на дишните патишта, е повисока кај експонираните испитаници, што е особено изразено кај експонираните пушачи. Преваленцијата и интензитетот на бронхијалната хиперреактивност (БХР) е повисока кај експонираните испитаници, и тоа 19,5% vs. 12,5% (4,36 мг/мЛ vs. 5,16 мг/мЛ) кај полјоделците, односно 19,3% vs. 12,5% (4,43 мг/мЛ vs. 5,16 мг/мЛ) кај сточарите. Тешката до умерена БХР кај полјоделците и сточарите, како и лесната БХР кај полјоделците се сигнификантно поврзани со позитивната фамилијарна историја за астма и ХОББ/хроничен бронхит, а граничната БХР освен со позитивната фамилијарна историја за астма и ХОББ/хроничен бронхит, сигнификантно е поврзана и со пушењето и несигнификантно со должината на експозицискиот стаж. Астма е регистрирана кај 8% од полјоделците и 7,2% од сточарите и е сигнификантно поврзана со атопијата и фамилијарната историја за астма и ХОББ/хроничен бронхит, а поврзаноста со пушењето и должината на експозицискиот стаж е несигнификантна. Преваленцијата на алергиската астма е сигнификантно повисока во однос на неалергиската кај експонираните, но и кај неекспонираните испитаници, додека преваленцијата на лицата со алергиска астма кои имаат сензибилизација на професионалните и стандардните инхалаторни алергени е несигнификантно повисока кај експонираните во однос на неекспонираните лица. Со евалуација на промените на БХР поврзани со работата, професионална алергиска астма е регистрирана кај 2,3% од полјоделците и 1,2% од сточарите, а астма влошена на работа кај 5,7% од полјоделците, односно 6,1% од сточарите. Преваленцијата на ХОББ е несигнификантно повисока кај експонираните (6,9% кај полјоделците и 8,4% кај сточарите) во однос на неекспонираните испитаници (3,8%). ХОББ е сигнификантно поврзана со возраста над 40 години, пушењето и должината на експозицискиот стаж кај експонираните испитаници. Пушењето се покажа како главен фактор којшто придонесува за оштетувањата на респираторниот систем кај експонираните испитаници сугерирајќи интеракција со професионалната експозиција и ендогените фактори во нивниот настанок. Според податоците од матриците за професионална експозиција појавата на астма, ХОББ и хроничен бронхит кај полјоделците е сигнификантно поврзана само со редовната изложеност на прашина, гасови, чадови, пареи и тоа со висок интензитет на експозиција, додека кај сточарите таа е сигнификантно поврзана само со редовната изложеност на прашина со висок интензитет, како и повремената и редовната изложеност на гасови, чадови и пареи и тоа со висок интензитет на експозиција. Заклучок: Студијата укажува на фактот дека професионалната експозиција на респираторните штетности во земјоделството може да предизвика серија нарушувања на респираторното здравје кај експонираните работници, меѓу кои се астмата и ХОББ, а истите се во тесна корелација со должината, карактеристиките и интензитетот на експозицијата. Резултатите од студијата ја наложуваат потребата од редовни периодични прегледи на работниците со специфична професионална експозиција според модел којшто ќе овозможи детекција на афектираните лица со астма и ХОББ, како и преземање адекватни превентивни мерки, но и мерки за контрола на пушењето на работното место со што ќе се превенира интеракцијата на пушењето со специфичната професионална експозиција во настанувањето на оштетувања на респираторниот систем.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9740
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Doktorat_final_final_14.01.2016.pdf6.4 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

239
checked on Apr 19, 2024

Download(s)

166
checked on Apr 19, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.