Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9161
Title: Единството на науката и значењето на научните поими
Authors: Марковиќ, Слободан
Keywords: единство на науката, мноштвеност на науката, научна реторика, научни поими, умерен рационализам
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Марковиќ, С. (2020). Единството на науката и значењето на научните поими. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: На почетокот на овој докторски труд се укажува на главниот мотив за неговото настанување, кој се состои во истражувањето на двата спротивставени филозофски приоди кон разбирањето и толкувањето на начинот на постоење на науката, а според тоа и на односот меѓу филозофијата и науката, кои веќе подолго време се присутни во современата филозофија на науката. Едниот пристап и начин на разбирање на постоењето на науката што е прикажан е оној кој го застапуваат филозофите со плуралистичка ориентација. Тоа е идејата дека науката во дваесеттиот век го загубила својот единствен концепт, кој за неа го оформи Њутн, и дека таа сега е парцијализирана, а дека нејзиното единство е дел само од историјата и карактеристика според која се проценува елеганцијата на науката и на научните теории. Потоа се прикажани мислењата на друга група филозофи на науката, кои се спротивставени на оние од првата група, и според кои единственоста на науката не исчезнала со умножувањето на технолошкото знаење, туку дека таа нишка на единственост во науката е она што е суштествено во неа. Овој труд се занимава и со двата пристапи, но го застапува и „средниот“, умерен приод, кој за потребите на овој труд е именуван како умерен рационализам. Тргнувајќи од актуелноста, современоста и потребата за филозофско определување на современата наука, овој докторски труд е фокусиран токму на разрешувањето на дел од дилемите и прашањата што произлегуваат од сфаќањата на спротивставените страни. Опфатени се неколку филозофски пристапи кон науката од обете позиции. Од една страна, главните претставници на плуралистичката ориентација се согледани преку филозофските увиди на неколку филозофи на дваесеттиот век, како што се Попер, Кун и Фаерабенд. Од друга страна, во трудот му се посветува особено внимание на обидот за одржување на класичното, единствено доживување и разбирање на науката. Таа линија на аргументирање е проследена преку историскиот преглед на оваа идеја, т.е. ставот дека речиси целокупната класична наука се согледува преку сфаќањето за нејзиното единство. Овој аспект е поткрепен и преку проучувањето на современите автори, првенствено преку филозофите со емпиристичка и позитивистичка ориентација од дваесеттиот век, и на тој начин се покажува дека наведената идеја нема само историско значење, туку и дека е актуелна и потребна и во современиот контекст. Ставот на авторот на трудот, а со тоа и главната теза на оваа дисертација, е дека надминувањето на наведената спротивставеност е можно, и тоа преку позицијата на умерениот рационализам, која претставува современа, ублажена варијанта на традиционалната идеја за единството на науката, а која може на продуктивен начин да се развие преку истражувањето на начините на координација на различните значења на научните поими со средствата на научната реторика. Од друге страна, и тоа е тука ново, умерениот рационализам ги уважува аргументацијата и ставовите и на спротивната, плуралистичка ориентација. Во овој труд посебно внимание им е посветено на различните теории за значењето на научните поими, во контекст на општиот проблем на единството на науката. Авторот на трудот смета дека инкорпорирањето на различните концепти за значењето на научните поими може позитивно да влијае врз флексибилизирањето на научната реторика, која е всушност главно средство за надминување на разидувањето на двата спротивни пристапи во филозофското согледување на науките. Имено, во трудот се нагласува дека научната реторика е тесно поврзана со умерениот рационализам и со теоријата за значењето на научните поими, чие толкување е позиционирано помеѓу реалистичките и инструменталистичките позиции, или помеѓу реализмот и номинализмот. Трудот завршува со идејата дека една од главните задачи на научната реторика е т.н. реторичка координација на поимите, со помош на која се намалува степенот на исклучивост меѓу филозофски ригидните теории, оние што тврдат дека нема револуции во науката и оние што го тврдат спротивното. При пишувањето на оваа докторска дисертација авторот поаѓа од уверувањето дека со помош на поголеми напори за приближување на филозофијата и науката, можно е да се изгради не само идеја, туку и теорија на современата единствена наука и научните поими.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Ана Димишковска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9161
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
slmarkovic2020.pdf1.6 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

576
checked on Aug 16, 2024

Download(s)

767
checked on Aug 16, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.