Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/895
Наслов: Проблеми во процесирање и интегрирање на сензорните дразби кај децата со аутизам
Other Titles: Problems in processing and integrating sensory sensations in children with autism. Doctoral thesis. Faculty of Philosophy, Skopje, 2016; 1-204
Authors: Трошанска, Јасмина
Keywords: аутизам, сензорни нарушувања, сензорен профил, третман на сетилата
Issue Date: 2016
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Трошанска Ј. Проблеми во процесирање и интегрирање на сензорните дразби кај децата со аутизам. Докторски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2016; 1-204
Abstract: Вовед: Децата со аутизам поинаку го доживуваат светот околу себе поради проблемите во процесирање и интегрирање на сензорните дразби. Овие проблеми се забележани уште во почетоците при првите откритија за аутизмот а во светот започнаа да се испитуваат пред 15-тина години. Кај нас во Р. Македонија, до сега, не се спроведени истражувања од оваа област, иако постојат обиди за следење на светските трендови за третман на децата со аутизам. Во последните 5 години се отворија сензорни соби во рамките на невладиниот сектор и посебните училишта, меѓутоа, свесноста за програмирано и системско дејствување сѐ уште е на ниско ниво. Цел: Целта на ова истражување беше да се процени нивото на сензорно функционирање и да се одредат проблемите во процесирањето и интегрирањето на сензорно примените дразби преку сетилото за мирис, вкус, допир, слух, вид и рамнотежа (вестибуларен систем и проприоцепција), кај децата со аутизам на возраст од 7 до 10 години, споредени со деца од невротипичната популација и деца со лесна интелектуална попреченост на истата возраст. Исто така, истражувањето имаше за цел да направи проценка на сетилата, односно сензорен профил на секое дете поединечно, кој понатаму ќе се користи при работата со детето во институцијата која ја посетува. Методoлогија: Во истражувањето беше преведен и пополнуван Сензорен профил-Прашалник наменет за негуватели (Sensory Profile – Caregiver Questionnaire) според авторката Winnie Dunn и DSM IV дијагностички и статистички прирачник за ментални заболувања според Американската психијатриска асоцијација. Прашалниците беа применети врз пригоден примерок на испитаници составен од една група на лица (родители, наставници или дефектолози) кои се грижат за деца со аутистичен спектар на нарушување (N=35), друга група на лица (родители, наставници или дефектолози) кои се грижат за деца со лесна интелектуална попреченост (N=35) и трета група на лица (родители или наставници) кои се грижат за деца со невротипичен развој (N=35). Податоците беа обработени во SPSS и за анализа на собраните податоци беа користени АНОВА тестот, t-тестот за компарација на независни примероци и бинарна логистичка регресија. За статистички значајна разлика беше земена p<0,05. Резултати: При спроведување на истражувањето и обработката на податоците резултатите ги потврдија сите наши претпоставени хипотези. Децата со аутизам значајно се разликуваат од децата со лесна интелектуална попреченост и децата од невротипичната популација во однос на сетилното функционирање во сите испитувани области на сензорно процесирање, модулација и однесување и емоционални реакции. Според сите фактори од сензорниот профил испитаниците со аутизам имаат најниски резултати во однос на вкупните бодови споредени со испитаниците со лесна интелектуална попреченост и испитаниците од невротипичната популација. Во однос на класификација и фреквенција на отстапувањата, во најголем број дефинитивни отстапувања во сензорното процесирање се појавија при „мултисензорното процесирање“ кај 22 испитаници; во модулацијата при „модулација на сензорниот влез кој ја афектира емоционалната реакција“ кај 25 испитаници; додека пак во областа однесување и емоционални одговори дефинитивно отстапување имаат најголем број на испитаници со аутизам во секоја област, кај 30 испитаници при „бихејвиоралните манифестации на сензорното процесирање“; кај 22 испитаници при „емоционално/социјалните одговори“ и кај 26 испитаници „искази кои укажуваат на нивото на прагот на одговор“. При примена на АНОВА тестот за независни примероци, кај сензорното процесирање, модулацијата и однесувањето и емоционалните реакции постои значајна статистичка разлика во сите групи заедно, односно кај секоја испитувана област p=0.000. За да идентификуваме дали постои разлика меѓу средните вредности во различните групи, направивме t-тестови за секој пар, при што се потврди дека има значајна статистичка разлика помеѓу секој пар на групи, во секоја област, освен кај сензорното процесирање при „вестибуларното процесирање“ каде се потврди дека нема значајна статистичка разлика помеѓу групата на деца со лесна интелектуална попреченост и невротипичната популација (р=0.131) и кај модулацијата каде не постои значајна статистичка разлика помеѓу групата на испитаници со лесна интелектуална попреченост и аутизам при „сензорното процесирање поврзано со издржливост/тонус“ каде (р=0.050), при „модулацијата поврзана со одржување на положбата на телото и движењето“ (р=0.051) и при „модулација на движењето кое го афектира нивото на активност“ (p=0,066). Бинарната логистичка регресија, во прв чекор, како фактори со најголемо влијание врз клиничката слика, кај сензорното процесирање, ги издвои карактеристиките: „Изгледа како да не слуша што му зборувате“; „Повеќе сака да биде во темница“; „Бара секаков вид на движење и тоа ja попречува секојдневната рутина (не можат да седнат мирно)“; „Изразува вознемиреност при поправка на заби или миење на забите (плаче или „се бори“)“; „Има тешкотии во насочување на внимание“ и „Рутински мириса објекти кои не се храна“. Кај модулацијата во првиот чекор ги издвои: „Се потпира за поддршка (дури и за време на активност)“; „Се двоуми кога оди нагоре надолу по скали или угорнини (претпазливо е, запира пред да продолжи)“; „Преферира седечки активности“; „Не го препознава јазикот на телото или изразите на лицето на другите (не може да протолкува според израз на лице или движење на тело)“ и „Избегнува контакт со очи“. Додека пак, кај однесувањето и емоционални реакции како фактори кои најмногу влијаат на клиничката слика се издвоија: „Има проблем да пишува помеѓу редовите или да бои без да излезе од линија“ и „Изгледа како да не ги забележува/мириса јаките мириси“. Во однос на анализа на факторите, најмногу отстапувања се појавуваат во фактор 9 кој се однесува на фината моторика/перцептивноста и фактор 2 кој се однесува на емотивната реактивност. Заклучок: Во истражувањето кај сите деца со аутизам се појавија две или повеќе нарушувања на сензорното функционирање. Најголем број на деца со аутизам (22 деца) имаат мултисензорно нарушување, кое значајно се разликува од останатите групи на испитаници, при што посебно се истакна карактеристиката „Има тешкотии во насочување на внимание“. Карактеристика која се издвојува и значајно влијае на клиничката слика е „Преферира седечки активности“ за која истражувањата зборуваат дека е резултат на долгите часови на децата со аутизам поминати пред екран. Влијанието на сензорното нарушување врз однесувањето покажува најмногу отстапувања кај децата со аутизам, односно 30 деца имаат дефинитивна отстапка, како најзначајни карактеристики се издвоија „Има проблем да пишува помеѓу редовите или да бои без да излезе од линија“ и „Има проблем во толерирање на промена на рутините“, што го покажува сензорното влијание на основното нарушување во социјалните интеракции кај децата со аутизам, кое значајно се разликува во однос на другите групи на деца. Во иднина, потребни се понатамошни истражувања од оваа област, за да се потврдат добиените резултати на поголем и поразновиден примерок на деца со аутизам од македонската популација.
Опис: Јасмина Трошанска ја одбрани докторската дисертација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 12.12.2016 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Акад. проф. д-р Нада Поп Јорданова, 3. Проф. д-р Драгослав Копачев, 4. Проф. д-р Ристо Петров, 5. проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/895
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Јасмина Трошанска doktorat XIII.pdf3.26 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

318
Last Week
2
Last month
checked on 22.4.2024

Download(s)

829
checked on 22.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.