Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6832
Title: Фузијата и реструктурирањето – можни алтернативни механизми за подобро распоредувње на здравствените ресурси
Authors: Јанеска илиев, Александра 
Блажески, Дејан
Keywords: здравствен менаџмент, управување со здравствениот систем, стратегии, менаџмент, здравствени услуги.
Issue Date: 2019
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Јанеска –Илиев , А., Блажески, Д, (2019), “Фузијата и реструктурирањето – можни алтернативни механизми за подобро распоредување на здравствените ресурси” Годишник на Економски факултет- Скопје, Економски факултет-Скопје, том 54 Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет- Скопје, Економски факултет-Скопје, том 54 Скопје
Abstract: Во време на општествена и економска криза, системот на здравствена заштита постојано е под будното око на стручната јавност и одделни професионални критичари. Оттаму, оправдана е потребата за истражувањата во овој сегмент, со што барем во еден дел треба да се потврдат или отфрлат тврдењата кои често предизвикуваат основани или неосновани осуди за здравствениот систем. Постои значителна дискусија поврзана со важноста од одговорот на прашањето: дали алтернативните механизми кои се на располагање може да направат подобрување во распределувањето на ресурсите. Во литературата сè повеќе истражувачите во областа на пазарот на здравствена заштита во вакви тешки и турбулентни околности од финансика, политичка и економска природа, успешно одговораат на поставените барања, барем во делот на соодветна употреба на стратегиите за управување со пазарот на здравствена заштита, на трите нејзини нивоа. Создавањето на одржлива конкурентската предност е од есецијална важост за сите општествено одговорни здравствени организации кои треба да настојуваат постојано да го унапредуваат односот со корисниците и со останатите стејкхолдери. Она што е важно да се разбере, е тоа дека барањата на потрошувачите денес се многу поголеми. Нивните потреби не се однесуваат само на имплементирање на стратегиите за управување, туку и на креирање и испорака на услугите, на начин на кој не се загрозуваат интересите на заедницата. Лесно може да се забележи дека здравствени установи, кои се карактеризираат со широк спектар услуги покажуваат дека традиционалниот менаџмет и вообичаениот стратегиски пристап не овозможуваат успех во услужните дејности. Логично, кога понудата на услугите во голема мера ги надминува потребите, здравствените компании мора да се фокусираат на микропазарот кој се разликува од специфичните желби, очекувања и перцепциите на корисниците на услуги, односно, од нивните критериуми при носењето на одлуката за давање доверба за грижа на здравјето. Во таа смисла континуирано се наметнува потребата да се разјасни улогата на менаџментот која дава можност за проучување на здравството и нејзините импликации - од индивидуалното донесување одлуки до анализирање на нејзината улога во дефинирањето на алтернативните механизми кои се на располагање, за да направат подобрување во распределувањето на ресурсите. Со тоа се постигнува правилно креирање на здравствената политика која се заснова врз здрави организациски принципи поврзани на многу чувствителен начин. Трудот се обидува да придонесе за можни реструктурирања преку емпириски засновани сознанија за природата на дејноста и алтеративните економски мерки. Целта на истражувањето е да утврди на кој начин резултатите добиени од фузијата на микрониво би влијаеле врз севкупната одржливост на здравствениот систем на макрониво. Истражувањето беше спроведено во периодот од август до декември, 2018 година, анализирајќи ги делбените биланси на здравствните установи - официјални податоци од Министерството за здравство. Резултатите од трудот ги потврдија претпоставките за потребно фузионирање на здравствените домови со општите болници, но со целосна примена на менаџмет-техиките, не употребувајќи козметички мери за лажен социјален мир.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6832
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
godishnik_2019 (1).pdf919.67 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

12
checked on May 28, 2020

Download(s)

1
checked on May 28, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.