Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6830
Наслов: Ефикасноста и одржливоста на јавните финансии во Република Македонија
Authors: Треновски, Борче 
Ташевска, Билјана 
Keywords: Јавни финансии, фискална одржливост, јавен долг, јавни приходи, јавни расходи, Македонија
Issue Date: 2019
Publisher: Македонска Академија на Науките и Уметностите
Source: Треновски, Б. и Ташевска, Б. (2019) „Ефикасноста и одржливоста на јавните финансии во Република Македонија“, во Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија, Зборник од Научната конференција одржана во Охрид на 4-5 Октомври 2018 година (ур. Т. Фити, Г. Петрески, И. Зеќири), Македонска академија на науките и уметностите, стр. 401-416.
Conference: Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија,
Abstract: Глобалната економска криза, како и должничка криза во Европа, ставија нов акцент на одржливоста на јавните финансии и силно ја истакнаа потребата од балансирање помеѓу краткорочните стабилизациони цели и долгорочната фискална одржливост. Во ваква ситуација на брзо зголемување на јавниот долг, чувствителен економски раст и сè уште делумно разнишана доверба на меѓународните финансиски пазари, проблематиката поврзана со јавните финансии и фискална одржливост станаа значајно прашање и тема на голем број истражувања, студии и книги. Овој проблем е исклучително важен за земјите што планираат да се интегрираат во ЕУ, имајќи предвид дека при глобални економски нарушувања се покажа дека фискалната политика е првиот “камен на сопнување” за одржливата макроекономска стабилност на унијата. Македонија, како претставник на малите и отворени економии, не беше исклучок од глобалните трендови во оваа насока. Силната фискална експанзија во последните неколку години во земјава ја стави на испит нејзината фискална одржливост, со оглед на брзата динамика на пораст на нивото на задолженост. Во оваа насока треба да ги имаме предвид сите фактори и предизвици со кои се соочуваме, а кои ја прават нашата економија исклучително ранлива на промени во опкружу- вањето со понатамошни реперкусии врз фискалната сфера. Ова е првиот предизвик во равенката на фискалната политика што ќe биде анализиран, втората исклучително важна тема која e елаборирана во трудот се однесу- ва на ефикасноста и на ефективноста на јавните финансии во Македонија и нивните ефекти врз економската активност. Со цел да се зголеми ефи- касноста на трошењето на јавните пари, како посебен предизвик се јавува усогласувањето на фискалните реформи и на задолжувањето со структур- ните реформи (во сферата на трудот, социјалата, трговијата, СДИ), како и сериозно мерење и управување со резултатите од овие реформи.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6830
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Прикажи целосна запис

Page view(s)

1.150
checked on 28.4.2024

Download(s)

160
checked on 28.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.