Детерминанти на готовината на компаниите во Rепублика Mакедонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Во оваа студија се анализираат интерните фактори во компаниите кои би можеле да го објаснат нивото на готовината на примерок од 32 котирани нефинансиски фирми во Република Македонија во периодот од 2006 до 2015 година. Целта на овој труд е да се изгради синтеза на трите теоретски модели за мотивите за поседување готовина кај компаниите: теорија на компромис, теорија на хиерархија во финансирањето и теорија на слободните готовински текови и да се испита нивниот релативен придонес во објаснувањето на актуелните корпоративни готовински средства. Посебно сме заинтересирани за прашањето дали фирмите активно ги следат имплицитните готовински таргети или, пак, нивото на готовината која се поседува се смета за неважно и пасивно се прилагодува на (поважни) финансиски одлуки, донесени на друго место во фирмата.
Емпириските резултати покажуваат дека во просек македонските фирми поседуваат 5,2% од вкупните средства како пари и парични еквиваленти. Користејќи ги нивните финансиски податоци, применуваме панел регресионен модел, каде како егзогени варијабли зедовме неколку најважни карактеристики на компаниите кои најмногу го детерминираат нивото на готовина во компанијата. Резултатите од анализата покажаа поддршка на теорија за хиерархија во финансирањето во согласност со која фирмите немаат оптимално ниво на готовина, а готовината се користи како тампон помеѓу задржаната добивка и инвестициите на фирмата. Поконкретно, учеството на готовината во вкупните средства кај анализираните компании значително се намалува со нето-обртниот капитал и левериџот, а значително се зголемува со големината на фирмата, готовинскиот тек, неизвесноста во готовинскиот тек и доспеаноста на долгот. Готовинските средства имаат негативна врска со капиталните расходи и позитивна врска со циклусот на конверзија на готовината, но и двете се статистички незначајни променливи.

Subjects