Детерминирање на емпириска дистрибуција на приносите на македонскиот берзански индекс - МБИ10
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Овој труд има за цел да ја утврди најсоодветната дистрибуција на веројатноста на приносите на акции на македонскиот берзански индекс (МБИ10). Нормалната дистрибуција е вообичаената претпоставка врз која се базираат различни модели во финансиите. Сепак, ова не е секогаш точно кога се анализира дистрибуцијата на приносите на акциите, бидејќи тие секогаш имаат дебели опашки. Во истражувањето користевме дневни, неделни и месечни податоци на МБИ10 индексот за да ја откриеме најсоодветната дистрибуција на приносите на акции со примена на Андерсон-Дарлинг тестот за најсоодветна дистрибуција. Резултатите покажуваат дека приносите на акциите на МБИ10 индексот немаат нормална дистрибуција и покажуваат лептокуртска и надесно искосена дистрибуција. Дневните приноси на акциите на МБИ10 се најдобро опишани со дистрибуцијата на Johnson SU, додека пак неделните и месечните приноси на МБИ10 со Burr (Singh-Maddala) дистрибуцијата.
Subjects
