Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/33857
Title: Молкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елемент
Authors: Дескоски Тони; Доковски Вангел
Keywords: вондоговорна одговорност, автономија на волја, Регулатива Рим II, избор на меродавно право, lex loci damni.
Issue Date: 2025
Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ
Abstract: Автономијa на волјата на страните е доктрина (принцип) за избор на меродавно право, која им дозволува на страните да го изберат правото на одредена држава за да ги уредуваат нивните договорни или вондоговорни обврски кои ги надминуваат гра- ниците на одделните правни системи. Влијанието кое го носи автономијата на волјата на страните во меѓународното приватно право е видливо не само во доктрината која изрично го фаворизира странечкиот избор, туку и во практиката. Очигледно е и во тоа како приватните избори на договорните страни се карактеризираат во учењето за меѓународното приватно право. Во обете – и во доктрината која ја воздигнува авто- номијата на волјата на страните и во доктрината која изразува резерви за нејзиното влијание во меѓународното приватно право, основен постулат е потребата од почи- тување на автономијата на волјата. Подемот на автономијата на волјата на страните во изборот на правото е очигледен. Денес, автономијата на волјата на страните стана неспорната примарна алатка за одредување на меродавното право во делот на дого- ворните односи. Новиот Закон за меѓународно приватно право на Јапонија е само еден од многуте примери. Автономијата на волјата сѐ повеќе се користи во други области од приватното право, како што се деликтите, семејството, наследувањето. Нејзиното основно оправдување повеќе не се доведува во прашање. Оттука, поттикнувањето на хармонизација на правото и соработката меѓу јурисдикциите станува императив за ефективно решавање на прекуграничните спорови. Следствено, молкумниот избор на меродавното право за вондоговорните обврски се потпира на имплицитни намери или контекстуални знаци за одредување на применливата правна рамка. Иако принципите како lex loci delicti commissi нудат насоки, судовите мора да одмерат различни фактори, вклучувајќи ги и автономијата на волјата и прашања од јавен интерес за да обезбедат правични решенија во денешната сложена глобална средина.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/33857
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.