Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/33857
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorДескоски Тони; Доковски Вангелen_US
dc.date.accessioned2025-07-28T20:11:23Z-
dc.date.available2025-07-28T20:11:23Z-
dc.date.issued2025-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/33857-
dc.description.abstractАвтономијa на волјата на страните е доктрина (принцип) за избор на меродавно право, која им дозволува на страните да го изберат правото на одредена држава за да ги уредуваат нивните договорни или вондоговорни обврски кои ги надминуваат гра- ниците на одделните правни системи. Влијанието кое го носи автономијата на волјата на страните во меѓународното приватно право е видливо не само во доктрината која изрично го фаворизира странечкиот избор, туку и во практиката. Очигледно е и во тоа како приватните избори на договорните страни се карактеризираат во учењето за меѓународното приватно право. Во обете – и во доктрината која ја воздигнува авто- номијата на волјата на страните и во доктрината која изразува резерви за нејзиното влијание во меѓународното приватно право, основен постулат е потребата од почи- тување на автономијата на волјата. Подемот на автономијата на волјата на страните во изборот на правото е очигледен. Денес, автономијата на волјата на страните стана неспорната примарна алатка за одредување на меродавното право во делот на дого- ворните односи. Новиот Закон за меѓународно приватно право на Јапонија е само еден од многуте примери. Автономијата на волјата сѐ повеќе се користи во други области од приватното право, како што се деликтите, семејството, наследувањето. Нејзиното основно оправдување повеќе не се доведува во прашање. Оттука, поттикнувањето на хармонизација на правото и соработката меѓу јурисдикциите станува императив за ефективно решавање на прекуграничните спорови. Следствено, молкумниот избор на меродавното право за вондоговорните обврски се потпира на имплицитни намери или контекстуални знаци за одредување на применливата правна рамка. Иако принципите како lex loci delicti commissi нудат насоки, судовите мора да одмерат различни фактори, вклучувајќи ги и автономијата на волјата и прашања од јавен интерес за да обезбедат правични решенија во денешната сложена глобална средина.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherПравен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМen_US
dc.subjectвондоговорна одговорност, автономија на волја, Регулатива Рим II, избор на меродавно право, lex loci damni.en_US
dc.titleМолкумен избор на меродавно право за вондоговорни обврски со странски елементen_US
dc.typeArticleen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles
Show simple item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.