Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31540
Наслов: Симболичкиот универзум на Ефтим Клетников
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: поетски дискурс, симбол, Ефтим Клетников, македонска културна традиција, човекот како признак на развојот
Issue Date: 2023
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. „Симболичкиот универзум на Ефтим Клетников“. Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 47/48. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2022/2023, 173 – 184.
Journal: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 47/48
Abstract: Во текстот се анализира поезијата на Ефтим Клетников од гледна точка на присутните симболи и симолички корелати, преку истакнување на дел од неговите поетски збирки и поетски достигнувања. Значенското богатство на симболите во поезијата на Клетников се должи првенствено на неговите сознанија коишто ги преточува во нив, вешто варирајќи концепти од различни културни традиции. Клетников е во еден вид романтичарска потрага по изворното, оригиналното, идејното, која се исчитува и во потрагата по совршениот збор, којшто би ја открил тајната на постоењето. За Клетников, поетот е пророк, односно предводник на човештвото, кој е обврзан да го буди човекот од мракот на незнаењето. Во таа смисла, тој се претставува и како вешт толкувач на скриените значења, откривајќи ја мистичната врска на сите нешта во светот. Неговата поезија е сведоштво за еден нов тип хуманизам, во чијшто центар се наоѓа човекот како спознавачко и креативно битие кое ги исцртува насоките на развојот на човештвото.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31540
ISSN: 2955-2346
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

32
checked on 3.5.2025

Download(s)

4
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.