Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31523
Title: Драмата „Црне војвода“ од Марко Цепенков како феномен во македонската култура
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: Марко Цепенков, македонската литература во 19 и почетокот на 20 век, драма, културен идентитет.
Issue Date: 2021
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Source: Тасевска, Искра. Драмата „Црне војвода“ од Марко Цепенков како феномен во македонската култура. XLVII меѓународна конференција на LIII летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 4-5 септември 2020 година. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2021, 379-393.
Conference: XLVII меѓународна конференција на LIII летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 4-5 септември 2020 година.
Abstract: Специфичниот развој на македонската литература од 19 век е засведочен и во нејзините следни етапи, особено на почетокот на 20 век, односно во периодот кој Миодраг Друговац го нарекува „нова преродба“. Во тоа време се појавува драмата на Цепенков, како надоврзување на една скромна традиција, која главно се исчитува низ делата на Јордан Х.К. Џинот и Војдан Чернодрински. Нашиот труд е насочен кон анализа на специфичното обликување на драмата во македонската литература, почнувајќи од сценско-дијалошките игри и карактеристичната битова тематика, па сѐ до обидот за градење на метаисториски драмски регистар кај Цепенков. Раскажувачкото творештво на овој македонски автор, кој во својата автобиографија на несекојдневен начин го претставува сопствениот лик, прекршувајќи го низ обликувањето на настаните, сосема јасно ни укажува дека станува збор за писател кој е иновативен и чии начини на творење треба да се разгледаат подетално и повнимателно. Цепенков е длабоко вкоренет во македонската културна традиција, чија автентичност и посебност е неспорна.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31523
ISBN: 978-9989-43-469-3
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.