Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31509
Наслов: Повеќеслојна творечка актуализација (поетскиот дискурс во двојазичната збирка „Меланхолија“ од Ерол Туфан)
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: дводомни автори, Ерол Туфан, себепреведување, транскултурализам, лиминалност
Issue Date: дек-2021
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Повеќеслојна творечка актуализација (поетскиот дискурс во двојазичната збирка „Меланхолија“ од Ерол Туфан). Journal of Contemporary Philology, 4 (2), 2021, pp. 105 – 115.
Journal: ournal of Contemporary Philology, 4 (2), 2021, pp. 105 – 115.
Abstract: Текстот се занимава со истражување на проблемот на творењето на два различни јазици, што истовремено го актуализира и прашањето за припадноста на авторот. Фактот дека поетот Ерол Туфан е дводомен поет, кој е роден и дејствува извесно време во Македонија, а потоа и во Турција, умешно творејќи и на македонски и на турски јазик, не може да понуди темелно разрешување на загатката за поетовата онтолошка припадност, која во овој случај се изразува низ поседувањето на една специфична „номадска свест“, сфатена како хуманизам во неговиот најизворен облик. Двојазичната поетска збирка Меланхолија/Melankoli задира во она што се нарекува „транслингвално пишување“, односно „себепреведување“, како одраз на играта на различните јазични кодови, претставувајќи текст кој е всушност динамична манифестација на повеќе аспекти од творечката личност. Во таа смисла, себепреведувањето, кое претставува можност за создавање на нешто повеќе од едноставен јазичен еквивалент (бидејќи е во прашање креирањето на творечкото себство на другиот јазик) недвосмислено го поставува проблемот на обликувањето на личноста наспроти нејзината конструкција во другиот (туѓ) контекст. Визијата за поетот преселник, транскултурализмот и авторовите поетички размисли ја прават поезијата на Ерол Туфан неодминливо четиво кое е суштински дел од македонската литература, умешно избегнувајќи ги стапиците на лингвистичкото кодирање и неговите ограничувања.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31509
DOI: https://doi.org/10.37834/JCP
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
1616-Article Text-2947-1-10-20211215.pdf356.23 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

11
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете

Altmetric


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.