Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31337
Title: Фамилијарниот бизнис во време на ковид криза
Authors: Janeska iliev, Aleksandra 
Николовска, Јасмина
Keywords: фамилијарен бизнис, сукцесија, успех и неуспех, ковид криза
Issue Date: Nov-2020
Publisher: Економскиот факултет во Скопје
Series/Report no.: том 55;
Abstract: Фамилијарните бизниси се во фокусот на научната мисла поради нивната доминација во економските активности во светски рамки. Без разлика на големината фамилијарните бизниси се поврзуваат со малите бизниси, а во време на криза малите бизниси се сметаат за поранлиниви пред сè поради ограниченоста на ресурсите. Современите анализи го големуваат разбирањето на фамилијарните бизниси, па соодветно се наметнуваат теми кои се актуелни, како: фокус на генерациски транзиции, наместо на бизнис-сукцесија; менаџерскиот тим и сопственоста како развојна норма; стратегиското планирање во фамилијарниот бизнис; унапредување на финансиската софистицираност; професионален менаџмент; улоги кои го заменуваат пензионирањето; улогата на жените; професионални услуги на фамилијарниот бизнис и зголемување на понудата за едукација и консултантски услуги во фамилијарниот бизнис. Уште повеќе моменталнта криза наметната од КОВИД пандемијата претставува своевиден акцелератор на потребата за дополнителни истражувања и разработување на овие сегметни. Во рамките на овој труд согледани се основните параметри кои се поврзани со успехот на фамилијарните бизниси, пред сè во во услови на пандемија која подразбира криза. При статистичката обработка се дојде до неколку интересни резултати. Најголемиот дел од компаниите сметаат дека се подготвени за соочување со предизвиците поврзани со сопственоста, управувањето и стратегијата на бизнисот, додека подготвеноста за процесите поврзани со сукцесијата се многу ограничени. Во делот на тоа како ја доживуваат КОВИД кризата нема позначани разлики помеѓу фамилијарните и нефамилијарните бизниси, при што најголем број оценуваат дека значајно влијае врз нивното работење. Ваквите резултати може значително да се променат доколку истражувањата се спроведат во една поширока временска рамка, односно кога бизнисот ќе има поголемо искуство со кризата
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31337
Appears in Collections:Faculty of Economics 03: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File SizeFormat 
6.1 2020 Godisnik.pdf1.11 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

7
checked on Sep 22, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.