Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/3078
Наслов: „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“
Authors: Трпкова несторовска, Марија 
Keywords: коинтеграција, векторски модел со корекција на грешка, инфлација, инфлација во евро зоната, инфлаторна инерција, Република Македонија
Issue Date: 2014
Publisher: Faculty of Economics-Skopje
Source: Trpkova, M. 2014 „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“, Докторска теза, Економски факултет-Скопје, УКИМ, Скопје
Abstract: Овој труд има две цели. Првата цел е на сеопфатен и едноставен начин да ги прикаже концептите на нестационарност, тестовите на единечен корен, концептот на коинтеграција, векторските авторегресивни модели, векторските модели со корекција на грешка и нивното значење во моделирањето на макроекономските временски серии. Втората цел на овој труд е да изврши успешна примена на наведените концепти при анализирањето и моделирањето на инфлацијата во Република Македонија. Со користење на векторскиот модел со корекција на грешка со блок егзогени ограничувања и коинтеграцијата на избраните променливи интегрирани од прв ред се изготвени модели кои потврдуваат дека најважна детерминанта на инфлацијата на Република Македонија е инфлацијата во евро зоната. Во групата на фактори кои ја диктираат домашната инфлација се вбројуваат цената на нафтата на светските пазари, увозот на стоки, монетарниот агрегат М1 и инфлаторната инерција. Во трудот е елаборирано дејството кое наведените фактори го имаат врз инфлацијата, нивниот интезитет, насока на дејствување и времетраење. Креирани се два модела и двата предвидуваат дека стапката на инфлација ќе се намалува во 2014 година. Намалувањето на инфлацијата е логично, бидејќи со моделите е потврдена зависноста на домашната инфлација од инфлацијата во евро зоната, каде што според најновите извештаи, веќе постои реален ризик од дефлација и каде што се преземаат конкретни мерки за регулирање на оваа неповолна тенденција. Авторот смета дека сериозна дефлација не е сценарио за Република Македонија, но многу е веројатно намалување на домашната инфлација во месеците што следат, тврдење што официјалните статистики веќе го потврдуваат. Моделите ги идентификуваат клучните детерминанти на инфлацијата и предвидуваат реални оценки за стапката на инфлација, што укажува дека векторските авторегресивни модели се моќни и исклучително применливи модели во макроекономските истражувања
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/3078
Appears in Collections:Faculty of Economics 05: PhD Theses / Докторски дисертации

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
2 Apstrakt.pdf343.93 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
3 Primena na VAR vo makroekonomsko modeliranje.pdf3.64 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
1 Prva strana, mentor, posveta.pdf467.16 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

248
checked on 2.5.2024

Download(s)

528
checked on 2.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.