Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29865
Наслов: Компјутерски модел за прецизна анализа на електромагнетни појави во енергетски системи
Authors: Марковски, Благоја
Грчев, Леонид
Ѓоргиевски, Владимир
Велковски, Бодан
Марковска Димитровска, Марија
Keywords: Електромагнетен модел, електромагнетни влијанија, електрично поле, магнетно поле, заземјување, цевковод, далековод, трафостаница, фотоволтаична централа
Issue Date: сеп-2023
Publisher: CIGRE North Macedonia
Series/Report no.: MAKO CIGRE 2023;B5-066R
Conference: MAKO CIGRE 2023
Abstract: Прецизното моделирање на електромагнетни појави во енергетските системи е од голема важност поради: 1) обезбедување заштита на енергетските системи и луѓето во нивната околина, 2) оптимален дизајн на мерките за заштита од електромагнетни влијанија. Во инженерските анализи вообичаена е примената на компјутерски модели кои поради усвоените упростувања најчесто имаат ограничен домен на примена во нискофреквентни анализи, анализи на системи во присуство на хомогена земја или системи со мали димензии. Треба да се истакне дека честа е употребата на овие модели во практични анализи и надвор од нивниот домен на примена, што може да резултира со погрешна проценка на безбедносните ризици или несоодветно димензионирање на заштитата. Во овој труд ќе биде претставен компјутерски модел за анализа на електромагнетни појави во енергетски системи кој се базира на примена на егзактна електромагнетна теорија, а кој обезбедува резултати со висока точност кај надземни и подземни сложени системи во присуство на слоевита земја во фреквенциски опсег од 0 Hz до 100 MHz. Моделот има широк домен на примена во инженерски анализи, a неговите можности ќе бидат демонстрирани преку неколку карактеристични примери: 1) моделирање на заштитно заземјување, проценка на напони на чекор и допир и преоден потенцијал при удар на гром кај трафостаница, 2) анализа на голем заземјувач кај фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 60 МW, 3) моделирање на електрично и магнетно поле во околина на далеководи од аспект на проценка на безбедност на луѓе и опрема од електромагнетни влијанија, 4) анализа на електромагнетни влијанија врз цевководни системи, кои се предизвикани од блиски енергетски водови и заземјувачки системи. Во трудот ќе бидат дискутирани и техничко-економските придобивки од примената на овој модел.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29865
Appears in Collections:Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies: Conference Papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
45 -rwp- Mako Sige 2023_Markovski.pdf1.29 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

69
checked on 4.5.2025

Download(s)

28
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.