Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29595
Title: Безбедноста и насилството во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување
Authors: Георгиевска, Софија 
Стојаноска Иванова, Татјана 
GJurovski, Marjan 
Keywords: насилство, булинг, безбедност, превенирање
Issue Date: 2023
Publisher: Филозофски факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј„-Скопје
Project: Публикацијата е резулат на научно-истражувачкиот проект „Безбедноста во училиштата - градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2022/23 година на Филозофскиот факултет – Скопје
Abstract: Насилството врз децата е еден од најсериозните проблеми коишто го загрозуваат нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и можат да го доведат во прашање детскиот живот. Тоа се случува насекаде, во домот, училиштата или во другите институции за детска грижа, на улиците. Голем дел од насилството врз децата останува скриено. Децата се плашат да го пријават заради стравот и поврзаноста со насилникот или затоа што насилството не го сметаат за нешто погрешно или невообичано туку како оправдана и неопходна казна за своите постапки. Децата жртви на насилство може да се чувствуваат виновни и да веруваат дека го заслужиле. Низ историјата, но и денес во различни култури физичкото казнување било и сè уште е еден од начините на дисциплинирање и воспитување на децата како во семејствата така и во училиштата. Идејата дека насилството спрема децата треба и мора да биде спречено е релативно нова: првите документи поврзани со заштитата на децата од насилство датираат од крајот на 19-тиот век, а дури во 20-тиот век доаѓа до ширење на ставот дека насилството врз децата мора да биде спречено, односно казнувано и адекватно третирано. Досегашните искуства покажуваат дека во Република Северна Македонија проблемот со насилното однесување се игнорира или решение најчесто се бара во ангажирање на професионални агенции за обезбедување кои го „чуваат“ училиштето. Бројот на инциденти и тепачки можеби се намалува на овој начин, но сепак тоа е далеку од решавање на проблемот кај останатите видови насилно однесување. Во третирањето на проблемот важно е да се вклучат сите членови од заедницата, а особено младите, во развојот и поставувањето на механизми за решавање на проблемот со насилството, преку континуирано намалување на неговите димензии, откривање на причините и подобро справување со последиците. Знаењата добиени од истражувањата на состојбите и нивното поврзување во акции што се осмислени и реализирани од децата заедно со возрасните, можат да се употребат за развивање политика и ефективни интервенции за намалување на насилството во училиштата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29595
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File SizeFormat 
Studija - so cip 23.4.2024.pdf7.41 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

50
checked on Apr 28, 2024

Download(s)

8
checked on Apr 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.