Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2745
Title: Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост преку работата на центрите за социјална работа во Република Македонија
Authors: Двојакова, Ивана
Keywords: лица со попреченост, систем на социјална заштита
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Двојакова, И. (2019). Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост преку работата на центрите за социјална работа во Република Македонија. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: „Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствeна заштита„(Закон за социјална заштита, Службен весник на РМ 79/09). Оваа дефиниција покажува дека целта на социјалната заштита е да му помогне на секој човек, но и да го зајакне и да му покаже кои се начините да биде самостоен до најголема можна мера и да биде прифатен од страна на општеството. Ваквиот вид на работа е доста сложен и бара вклучување на професионалци од различен профил во работата со секој поединец, но и да постојат многу услуги и начини на поддршка. Лицата со попреченост се соочуваат со низа предизвици, висок степен на изолираност и социјален ризик, поради што им е потребна континуирана помош и поддршка во сите сегменти од нивниот развој и живеење преку рамките на изградените системи на државата. Еден од клучните системи на поддршка е системот на социјална заштита. Помошта и поддршката за лицата со попреченост се овозможуваат преку низа услуги, кои ги даваат професионалците во системот на установи за социјална заштита, а со цел унапредување на квалитетот на животот на овие лица (Покрајински завод за социјалну заштиту, 2013). Во Р Македонија правата и услугите на социјалната заштита за лицата со попреченост се остваруваат преку добро балансирана мрежа на шеми на социјална заштита: шема на социјална превенција, шема на институционална и вонинституционална заштита и шема на парична помош, но сепак, како професионална обврска се налага потреба од постојан развој, унапредување и унифицирање на пристапот и работата при остварување на истите во центрите за социјална работа. Во таа насока е определен предметoт на истражувањето, односно проценка на моменталното функционирање и организација на заштитата, поддршката и третманот на лицата со попреченост во системот на социјалната заштита преку стручната работа на центрите за социјална работа во Р Македонија. Методолошки станува збор за истражување, при кое е применета триангулација на методи, додека примерокот го сочинуваат стручни лица кои работат со лицата со попреченост и нивните семејства во 30-те центри за социјална работа во Републиката, и стручни лица во ЈУ Завод за социјални дејности и Министертвото за труд и социјална политика, чие поле на професионално делување претставува и унапредувањето на социјалната заштита на лицата со попреченост во системот. Резултатите од истражувањето, преку утврдување на законската рамка, материјално-техничките и кадровските капацитети, анализа на моменталниот начин на организациона поставеност и функционирање на центрите за социјална работа, особено во делот на стручната работа и постапување со лицата со попреченост и нивните семејства, односно работа при откривањето, евидентирањето, проценката, планирањето и организирањето на третманот, утврдување на потребата од развивање на нови услуги и права за лицата со попреченост и унапредување на интерсекторската соработка ќе значат основа за креирање и имплементација на унифицирана методологија на работење со лицата со попреченост во центрите за социјална работа регулирана со изготвени стандарди и процедури за постапување, со цел навремен, ефикасен, холистички и индивидуализиран пристап кон лицата со попреченост и нивните семејства.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Горан Ајдински.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2745
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
idvojakova2019.pdf2.24 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

107
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

448
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.