Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2745| DC Field | Value | Language |
|---|---|---|
| dc.contributor.author | Двојакова, Ивана | en_US |
| dc.date.accessioned | 2019-09-20T06:19:25Z | - |
| dc.date.available | 2019-09-20T06:19:25Z | - |
| dc.date.issued | 2019 | - |
| dc.identifier.citation | Двојакова, И. (2019). Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост преку работата на центрите за социјална работа во Република Македонија. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | en_US |
| dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2745 | - |
| dc.description | Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Горан Ајдински. | en_US |
| dc.description.abstract | „Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствeна заштита„(Закон за социјална заштита, Службен весник на РМ 79/09). Оваа дефиниција покажува дека целта на социјалната заштита е да му помогне на секој човек, но и да го зајакне и да му покаже кои се начините да биде самостоен до најголема можна мера и да биде прифатен од страна на општеството. Ваквиот вид на работа е доста сложен и бара вклучување на професионалци од различен профил во работата со секој поединец, но и да постојат многу услуги и начини на поддршка. Лицата со попреченост се соочуваат со низа предизвици, висок степен на изолираност и социјален ризик, поради што им е потребна континуирана помош и поддршка во сите сегменти од нивниот развој и живеење преку рамките на изградените системи на државата. Еден од клучните системи на поддршка е системот на социјална заштита. Помошта и поддршката за лицата со попреченост се овозможуваат преку низа услуги, кои ги даваат професионалците во системот на установи за социјална заштита, а со цел унапредување на квалитетот на животот на овие лица (Покрајински завод за социјалну заштиту, 2013). Во Р Македонија правата и услугите на социјалната заштита за лицата со попреченост се остваруваат преку добро балансирана мрежа на шеми на социјална заштита: шема на социјална превенција, шема на институционална и вонинституционална заштита и шема на парична помош, но сепак, како професионална обврска се налага потреба од постојан развој, унапредување и унифицирање на пристапот и работата при остварување на истите во центрите за социјална работа. Во таа насока е определен предметoт на истражувањето, односно проценка на моменталното функционирање и организација на заштитата, поддршката и третманот на лицата со попреченост во системот на социјалната заштита преку стручната работа на центрите за социјална работа во Р Македонија. Методолошки станува збор за истражување, при кое е применета триангулација на методи, додека примерокот го сочинуваат стручни лица кои работат со лицата со попреченост и нивните семејства во 30-те центри за социјална работа во Републиката, и стручни лица во ЈУ Завод за социјални дејности и Министертвото за труд и социјална политика, чие поле на професионално делување претставува и унапредувањето на социјалната заштита на лицата со попреченост во системот. Резултатите од истражувањето, преку утврдување на законската рамка, материјално-техничките и кадровските капацитети, анализа на моменталниот начин на организациона поставеност и функционирање на центрите за социјална работа, особено во делот на стручната работа и постапување со лицата со попреченост и нивните семејства, односно работа при откривањето, евидентирањето, проценката, планирањето и организирањето на третманот, утврдување на потребата од развивање на нови услуги и права за лицата со попреченост и унапредување на интерсекторската соработка ќе значат основа за креирање и имплементација на унифицирана методологија на работење со лицата со попреченост во центрите за социјална работа регулирана со изготвени стандарди и процедури за постапување, со цел навремен, ефикасен, холистички и индивидуализиран пристап кон лицата со попреченост и нивните семејства. | en_US |
| dc.language.iso | mk | en_US |
| dc.publisher | Филозофски факултет, Скопје | en_US |
| dc.subject | лица со попреченост, систем на социјална заштита | en_US |
| dc.title | Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост преку работата на центрите за социјална работа во Република Македонија | en_US |
| dc.type | Thesis | en_US |
| item.grantfulltext | open | - |
| item.fulltext | With Fulltext | - |
| Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези | |
Files in This Item:
| File | Опис | Size | Format | |
|---|---|---|---|---|
| idvojakova2019.pdf | 2.24 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
149
checked on 13.12.2025
Download(s)
501
checked on 13.12.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.
