Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27321
Наслов: Влијание на КОВИД-19 врз третманот на нарушувања од употребата на супстанции
Authors: Лилјана Игњатова 
Keywords: влијание
КОВИД-19
услуги за третман на дроги
Issue Date: 20-ное-2020
Conference: 20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопје
Abstract: Вовед: Досега научената лекција е дека кризите не се добри за никого, но најмногу влијаат на најранливите категории (луѓе кои користат дрога, одредени етнички заедници, сексуални работнички и сл.). Целта на оваа студија беше да се испита влијанието на КОВИД-19 врз услугите за превенција, третман и намалување на штети за луѓе кои користат дроги. Материјал и методи: Податоците за бројот на лица вклучени во третманот за периодот јануари-јуни 2020 година беа собрани од сите центри за превенција и третман на зависност од дрога; затворите во Скопје; младински советувалишта за превенција од дрога и сервиси за намалување на штети во Скопје. Резултатите покажуваат дека во некои центри бројот на пациенти останал непроменет, но за жал, имало такви случаи, каде што транспортот до регионалните центри бил тежок поради рестриктивните мерки и затоа бројот на пациенти во некои центри сенамалил. Имаше пример каде пациенти од затворен град добиваат третман преку психијатри во нивната локална болница, што се покажа како добра практика. Во повеќето центри, бројот на приеми е зголемен од повеќе причини: вратени пациенти од други земји поради пандемија, тешко снабдување со дроги, повеќето корисници на дрога од затворите продолжуваа со третманот со опиоиден агонист по ослободувањето и децентрализацијата на третманот со бупренорфин од Клиниката за Ургентна Медицина и Токсикологија во регионалните центри, што се покажа како добра практика исто така. Психосоцијалните интервенции беа драстично намалени, но фармакотерапијата се одвиваше без прекини во центрите за третман на зависност. Персоналот беше целосно присутен на работа поголемиот дел од времето. Приемите на лекување беа реализирани веднаш, без листи на чекање и одложени закажувања, благодарение на малиот број посветен персонал кој лекува луѓе кои користат дрога. Немаше случаи на предозирање и самоубиства во сервисите. Пациентите примаа терапија дневно или 2-3 пати неделно за нови приеми и неделно за повеќето пациенти. Посетите, прегледите и доставувањето на терапија со опиоиден агонист до луѓето во карантин беа правени од персоналот од центрите. Во некои случаи, организацијата „Црвен крст“ ја доставуваа терапијата. Третманот со агонист на опиоиди во затворите продолжи како пред периодот на КОВИД -19, и немаше предозирања или самоубиства. Центрите за намалување на штети беа затворени, но работата на теренот продолжи и лицата кои инјектираат дроги редовно се снабдуваа со чиста опрема за инјектирање. Советувалиштата за млади беа затворени, но советувањето се одвиваше онлајн. На крајот на месец мај, советувалиштата беа отворени и советувањето со физичко присуство заедно со онлајн советувањето продолжија. Покрај лансирањето на онлајн алатката за самооценување на ризикот од употреба на дроги, со поддршка на Советот на Европа - Група Помпиду започнавме да развиваме алатка за само-тестирање, само-следење и информирање за тоа што некој може да стори за да го промени своите навики за алкохол или дрога со цел да се подобри неговото / нејзиното ментално и физичко здравје. Заклучок: Достапноста и пристапноста на услугите за третман на нарушувања од употреба на дрога се неопходни за да се намали штетата за најранливите категории.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27321
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Congress2020_AbstractBook-prePrint3.pdf12.45 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

15
checked on 21.5.2024

Download(s)

1
checked on 21.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.