Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27321
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorЛилјана Игњатоваen_US
dc.date.accessioned2023-08-07T10:17:43Z-
dc.date.available2023-08-07T10:17:43Z-
dc.date.issued2020-11-20-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/27321-
dc.description.abstractВовед: Досега научената лекција е дека кризите не се добри за никого, но најмногу влијаат на најранливите категории (луѓе кои користат дрога, одредени етнички заедници, сексуални работнички и сл.). Целта на оваа студија беше да се испита влијанието на КОВИД-19 врз услугите за превенција, третман и намалување на штети за луѓе кои користат дроги. Материјал и методи: Податоците за бројот на лица вклучени во третманот за периодот јануари-јуни 2020 година беа собрани од сите центри за превенција и третман на зависност од дрога; затворите во Скопје; младински советувалишта за превенција од дрога и сервиси за намалување на штети во Скопје. Резултатите покажуваат дека во некои центри бројот на пациенти останал непроменет, но за жал, имало такви случаи, каде што транспортот до регионалните центри бил тежок поради рестриктивните мерки и затоа бројот на пациенти во некои центри сенамалил. Имаше пример каде пациенти од затворен град добиваат третман преку психијатри во нивната локална болница, што се покажа како добра практика. Во повеќето центри, бројот на приеми е зголемен од повеќе причини: вратени пациенти од други земји поради пандемија, тешко снабдување со дроги, повеќето корисници на дрога од затворите продолжуваа со третманот со опиоиден агонист по ослободувањето и децентрализацијата на третманот со бупренорфин од Клиниката за Ургентна Медицина и Токсикологија во регионалните центри, што се покажа како добра практика исто така. Психосоцијалните интервенции беа драстично намалени, но фармакотерапијата се одвиваше без прекини во центрите за третман на зависност. Персоналот беше целосно присутен на работа поголемиот дел од времето. Приемите на лекување беа реализирани веднаш, без листи на чекање и одложени закажувања, благодарение на малиот број посветен персонал кој лекува луѓе кои користат дрога. Немаше случаи на предозирање и самоубиства во сервисите. Пациентите примаа терапија дневно или 2-3 пати неделно за нови приеми и неделно за повеќето пациенти. Посетите, прегледите и доставувањето на терапија со опиоиден агонист до луѓето во карантин беа правени од персоналот од центрите. Во некои случаи, организацијата „Црвен крст“ ја доставуваа терапијата. Третманот со агонист на опиоиди во затворите продолжи како пред периодот на КОВИД -19, и немаше предозирања или самоубиства. Центрите за намалување на штети беа затворени, но работата на теренот продолжи и лицата кои инјектираат дроги редовно се снабдуваа со чиста опрема за инјектирање. Советувалиштата за млади беа затворени, но советувањето се одвиваше онлајн. На крајот на месец мај, советувалиштата беа отворени и советувањето со физичко присуство заедно со онлајн советувањето продолжија. Покрај лансирањето на онлајн алатката за самооценување на ризикот од употреба на дроги, со поддршка на Советот на Европа - Група Помпиду започнавме да развиваме алатка за само-тестирање, само-следење и информирање за тоа што некој може да стори за да го промени своите навики за алкохол или дрога со цел да се подобри неговото / нејзиното ментално и физичко здравје. Заклучок: Достапноста и пристапноста на услугите за третман на нарушувања од употреба на дрога се неопходни за да се намали штетата за најранливите категории.en_US
dc.language.isomken_US
dc.subjectвлијаниеen_US
dc.subjectКОВИД-19en_US
dc.subjectуслуги за третман на дрогиen_US
dc.titleВлијание на КОВИД-19 врз третманот на нарушувања од употребата на супстанцииen_US
dc.typeProceeding articleen_US
dc.relation.conference20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопјеen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers
Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Congress2020_AbstractBook-prePrint3.pdf12.45 MBAdobe PDFView/Open
Show simple item record

Page view(s)

20
checked on May 4, 2025

Download(s)

7
checked on May 4, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.