Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2715
Наслов: Транспарентноста на македонските компании мерена преку индексот на транспарентноста на Standard and Poor's
Authors: Арсов, Сашо
Keywords: корпоративно управување, транспарентност, обелоденување, котирани компании.
Issue Date: 2012
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет, УКИМ, Скопје
Series/Report no.: Годишник на Економски факултет - Скопје;2012
Abstract: Една од причините поради кои трансформацијата на сопственоста во македонските компании не ги даде очекуваните ефекти во поглед на нивната ефикасност се наоѓа во воспоставениот систем на корпоративно управување. Во негови рамки, пак, транспарентноста на компаниите е едно од најболните прашања. Со цел да се обезбеди одреден минимален степен на отвореност на компаниите кон нивните тековни и потенцијални акционери, државата, берзата и Комисијата за хартии од вредност во последниве десетина години презедоа низа мерки со кои ги пропишаа обврските на јавните акционерски друштва на полето на обелоденувањето ценовно чувствителни информации. Овој труд ја користи постапката на рејтинг-агенцијата Standard and Poor’s за да го оцени степенот на транспарентност на македонските компании. Процедурата се состои во испитување на објавите на акционерските друштва во поглед на тоа дали во нив се наоѓаат податоци од областа на сопственоста, финансиите и управувањето. Резултатите покажуваат дека македонските компани не отишле многу далеку во индивидуалниот однос кон транспарентноста, задржувајќи се претежно на исполнувањето на пропишаните обврски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2715
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Trud-Arsov-Godisnik 2012.doc134.5 kBMicrosoft WordView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

19
checked on 19.7.2024

Download(s)

3
checked on 19.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.