Клучни параметри на кост-бенефит анализата во случајот на Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2018-11
Author(s)
Abstract
Во трудот е направен осврт кон кост-бенефит анализата на јавните проекти низ призмата на промените што се случиле во последните дваесетина години, кои предизвикале и промена на околностите кои доведоа до нејзино настанување пред околу половина век. Од една страна, процесите на глобализација, дерегулација и технолошките промени доведоа до исчезнување на некои од дисторзиите на пазарните цени, што беше една од основните причини за примена на оваа техника. Од друга страна, некои денешни појави, како што се продлабочувањето на социјалните разлики и еколошките проблеми дополнително ја засилуваат потребата од нивно вклучување во одлуките за избор на инфраструктурни проекти. Европската Унија и многу други земји континуирано го прошируваат и го систематизираат опсегот на нејзината примена.
Дополнително, во трудот се пресметани и некои од т.н. национални параметри, како клучни квантитативни елементи во кост-бенефит анализта на ниво на една земја. Тие потврдуваат дека намалувањето на нивото на увозните царини речиси довело до исчезнување на разликите помеѓу домашните и увозните цени, а девизниот курс не трпи значајна дисторзија поради постоењето на царините. Општествената дисконтна стапка е пресметана на ниво помеѓу 3,9 и 5,6 проценти, што е значително помалку од она што во минатото меѓународните организации го препорачуваа.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Lektor _ 08 КЛУЧНИ ПАРАМЕТРИ НА КОСТ-БЕНЕФИТ АНАЛИЗАТА ВО СЛУЧАЈОТ НА МАКЕДОНИЈА.docx
Size
41.02 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):305b450707e342cd05521efa9fd0a8a9