Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26356
Наслов: Перцепции за бракот и разводот на младите во Република Северна Македонија
Authors: Авировиќ Бундалевска, Ирена 
Радуловиќ, Македонка 
Кескинова, Ангелка 
Keywords: Млади
Брак
Семејство
Issue Date: 2023
Publisher: Faculty of Philosophy, University “St. Cyril and Methodius”
Source: Авировиќ-Бундалевска, И., Радуловиќ. М., Кескинова. А. (2023) Перцепции за бракот и разводот на младите во Република Северна Македонија, Филозофски факултет, Св.Кирил и Методиј, (Кочани-Европа92) Скопје
Abstract: Во последниве неколку децении семејството е изложено на голем број влијанија кои произлегуваат како последица на процесите на индустријализација, урбанизација и на современиот начин на живот. Овие влијанија можат да се групираат во повеќе насоки и тоа како: плурализам и демократија на изборите, секуларизација и намалена религиозност, глобализација и надворешни влијанија, јакнење на феминизмот, консумеризам, морален вакуум и намалување на значењето на традицијата, влијание на социјалните медиуми и јакнење на мас-културата итн. Неизбежно е во вакви услови, семејството како заедница да претрпи значителни трансформации во однос на структурата, модели, улоги и функции на семејството кои генерално се оценуваат како негативни. Во литературата сè почесто е присутна дилемата „дали семејството се наоѓа во криза?“ Патријархалниот тип на семејството се трансформира и губи, особено во развиените и во урбаните средини. Сè потешко може да се дефинира современото семејство. Очигледно е дека се потребни повеќе дефиниции на „семејства“, кои го надминуваат сфаќањето за семејството како нуклеусна заедница на брачни партнери и нивните деца. Во прилог на оваа дилема, може да се наведат редица статистички показатели за намалениот број бракови, зголемениот број разводи, намален наталитет, низок фертилитет, зголемен број на деца родени надвор од бракот итн.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26356
ISBN: 978-608-238-230-2
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
percepcii za brakot_pRINT.pdf1.1 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

85
checked on 13.5.2024

Download(s)

133
checked on 13.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.