Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25888
Наслов: Фискална политика, фискална одржливост во мала и отворена економија во услови на глобалните економски нарушувања – случајот на Република Македонија
Authors: Tashevska, Biljana 
Trenovski, Borce 
Keywords: фискална политика, фискална одржливост, јавен долг, Големата економска криза, ЕУ, Македонија
Issue Date: 2017
Publisher: Институт за икономически изследвания при Българка академия на науките и Македонска академија на науките и уметностите
Source: Ташевска, Б. и Треновски Б. (2017) „Фискална политика, фискална одржливост во мала и отворена економија во услови на глобалните економски нарушувања – случајот на Р. Македонија“, во Импликациите од Европската должничка криза врз процесите на економската интеграција во Европската Унија, Институт за икономически изследвания при Българка академия на науките и Македонска академија на науките и уметностите, Софија/Скопје,стр. 178-195
Проект: Импликациите од Европската должничка криза врз процесите на економската интеграција во Европската Унија
Abstract: Глобалната економска криза, како и Европската должничка криза ставија нов акцент на одржливоста на јавните финансии и силно ја истакнаа потребата од балансирање помеѓу краткорочните стабилизациони цели и долгорочната фискална позиција. Во ваква ситуација на брзо зголемување на јавниот долг, чувствителен економски раст и сè уште разнишана доверба на меѓународните финансиски пазари, проблематиката на фискална одржливост стана значајно прашање и тема на голем број истражувања, студии и книги. Овој проблем е исклучително важен за земјите членки на ЕУ, а уште повеќе за земјите кои планираат да се интегрираат во ЕУ, имајќи предвид дека при глобални економски нарушувања се покажа дека фискалната политика е првиот “камен на сопнување” за одржливата макроекономска стабилност на унијата. Република Македонија, како претставник на малите и отворени економии не беше исклучок од глобалните трендови во оваа насока. Силната фискална експанзија во последните неколку години во земјава ја стави на испит нејзината фискална одржливост, со оглед на брзата динамика на пораст на нивото на задолженост. Имајќи ја предвид големата важност на фискалната одржливост за макроекономската стабилност на земјава, во фокусот на овој труд се јавните финансии, фискалната политика и фискалната одржливост на Македонија во услови на последните економски нарушувања- глобалната криза и Европската должничка криза. Централниот акцент на трудот е ставен на утврдувањето на долгорочната одржливост на фискалната политика низ елаборирање на движењата на главните фискални варијабли и досега реализираните емпириски истражувања со цел јасно укажување на потребата за приспособување, промена на курсот кон консолидација и зголемување на ефикасноста на фискалната политика.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25888
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Прикажи целосна запис

Page view(s)

74
checked on 13.5.2024

Download(s)

7
checked on 13.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.