Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25288
Наслов: Креирање и примена на политиката за заштита на конкуренцијата во македонската економија: формално исполнување на домашната задача во процесот на интеграција кон ЕУ или реална потреба од поголема пазарна конкуренција
Authors: Мамучевска Даниела 
Keywords: политика за заштита на конкуренцијата, пазарна конкуренција, благосостојба на потрошувачите
Issue Date: 2019
Publisher: Македонска Академија На Науките и Уметностите, МАНУ - Скопје
Series/Report no.: Прилози;XLIX 1-2 2018
Abstract: Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2001 година, со членовите 39, 69 и 70 од овој документ, Република Северна Македонија се обврза за развој на соодветна регулатива за сеопфатна борба против ограничувањата на пазарна конкуренција во домашната економија и монополското однесување. Водени од активностите и преземените задачи во процесот на асоцијативно членство кон Европската Унија, во 2010 година се донесе нов Закон за заштита на конкуренцијата (Сл. Весник на РМ бр.145/10 од 28.2.2010) кој во значителен степен беше усогласен со европската антитрустовска легислатива и се создадоа услови за соодветен институционален развој на политиката за заштита на конкуренцијата. Меѓутоа, и по речиси една декада од донесувањето на ‘современиот’ Закон за заштита на конкуренцијата, оваа политика остана на нивото на ‘концепт’ во напорите за поттикнување на пазарната конкуренција. Институционалната потентност поддржана од несоодветните финансиски ресурси и административен капацитет ја направи оваа политика без свој лик и кредибилитет пред пошироката деловна и стручна јавност. Оттука, целта на овој труд е преку емпириска анализа на работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која го опфаќа периодот од 2010 до 2018 година, да ги долови клучните слабости во примената на политиката за заштита на конкуренцијата и да даде конкретни препораки и сугестии за надминување на истите.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25288
ISSN: 0350-1698
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File SizeFormat 
Trud D.Mamucevska finalna verzija.docx87.61 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

54
checked on 30.4.2024

Download(s)

12
checked on 30.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.