Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21962
Наслов: Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет
Other Titles: Годишен зборник, Книга 25-26
Authors: Aneta Jovkovska
Keywords: воспитни методи, воспитни принципи, родителство, воспитание, деца
Issue Date: 2020
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје
Source: Јовковска Анета, „Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет“, Годишен зборник, Книга 25-26, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2019-2020, (79-94).
Abstract: Разгледувајќи ги особеностите на воспитанието во Стариот и Новиот Завет, во овој труд се истакнати основните елементи на типолошкиот модел на православното христијанско воспитание. Моделот овозможува да го разбереме процесот на духовното обликување на личноста, принципите и методите на воспитанието, како и педагошките услови. Ваквиот пристап, исто така, дава можност за споредба на моменталното ниво на духовно-моралното обликување на една личност со идеалниот модел на воспитанието. Воспитанието во Стариот Завет е сконцентрирано на законот, праведноста, стравопочитувањето и мудроста. Тоа има за цел враќање на природното достоинство на човекот. Воспитанието, пак во Новиот Завет е сконцентрирано на најголемите заповеди за љубовта и има за цел враќање на богочовечкото достоинство, бидејќи законот очовечува, а љубовта обожува. Оттука, семејниот живот и воспитувањето на децата претставува заедничко „патување“ во љубовта, а не само низа предизвици што треба да се решат. Воспитувањето на децата е света должност на возрасните, па затоа православното христијанско воспитание има за цел да им помогне на родителите да разберат дали секојдневните предизвици на родителството го олеснуваат нашиот пат кон Христа и патот на нашите деца кон Христос. При тој пат, важно е да не се изгуби во процесот главната референтна точка, главната цел на животот на секој христијанин - спасението на душата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21962
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

85
checked on 4.5.2025

Download(s)

57
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.