Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21956
Наслов: Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука
Other Titles: Словата и Словото – Зборник на научни трудови од Третиот Светиклиментов научен собир
Authors: Aneta Jovkovska
Keywords: православна христијанска педагогија, Божјо слово, наставни содржини, основни педагошки принципи, воспитување и поучување, духовен развој
Issue Date: 2020
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје
Source: Анета Јовковска, Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука, Словата и Словото – Зборник на научни трудови од Третиот Светиклиментов научен собир, Скопје, 2020, (183-194).
Abstract: Православната христијанска педагогија не се заснова на филозофска идеја, туку на самото постоење на Црквата како нов сојуз помеѓу човекот и Бога. Во нејзината основа од една страна е Божјото слово, а од друга страна духовното искуство на Црквата. Нејзина задача, пак, е едукација за христијански поглед на светот – разбирање на светот, животот, човекот и неговото делување во светлината на Божјото слово и Божјото откровение. Православната христијанска педагогија го прима и ползува Божјото слово како сила која го осветува секој миг од човековиот живот, секоја намера, секоја постапка, секое дело; како сила која продира длабоко во човековата душа; го разведрува и просветлува секое нејзино интимно катче и во неа ја создава онаа чиста духовна јаснотија без која не е можно да се достигне совршенството. Бидејќи го прифаќа Божјото слово како основа, православната христијанска педагогија се изградува на камен кој не се руши од пороите на животот. На овој начин таа ги поставува градбените сили во еден континуиран пораст. Оттука, Божјото слово се јавува и како примарен фактор, но и како основен принцип на воспитување и поучување во православните духовни училишта.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21956
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

44
checked on 20.5.2024

Download(s)

10
checked on 20.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.