Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17814
Наслов: Менаџирање и евалуација на вработени во контакт-центрите
Authors: Тодоровска, Милена
Keywords: евалуација, менаџирање, контакт-центар, човечки ресурси
Issue Date: 2022
Publisher: Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Тодоровска, Милена (2022). Менаџирање и евалуација на вработени во контакт-центрите. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет, УКИМ.
Abstract: За да се согледа кој колку има постигнато и дали правилно ги извршува задачите, менаџерите ги евалуираат вработените и ја анализираат нивната работа со цел да се подобрат и да постигнат резултати за остварување на целите на една организација. Потребно е секој вработен да ги знае своите задачи и способности, добро да се обучи, да ги знае правилата и целите на компанијата за да може правилно да ја извршува својата работа. Многу е важно да се прави евалуација на вработените, за тие да имаат претстава до каде се, што може да подобрат, да ги исправат грешките и да си ги знаат своите јаки и слаби страни. Вработените треба да работат и на јаките и на слабите страни со цел да ги усовршат, да ги подобрат и да бидат во склад со стандардите на компанијата. Перформансата на вработените најдобро се проценува ако се спореди наспроти стандардот односно критериумот. Тука главната задача ја имаат менаџерите за човечки ресурси коишто треба да бидат јасни, концизни и да им го приложат сето тоа на вработените. Со оглед на тоа дека контакт-центрите се во постојан развој во нашата земја, во трудот ќе се направи истражување како функционира менаџментот на човечки ресурси, каква улога имаат менаџерите пред и по евалуацијата на вработените. Главните алатки за еден контакт-центар се: одлични менаџери, добро обучени оператори, добра комуникација менаџер – оператор и оператор – клиент, како и фидбекот за постигнатите резултати од страна на менаџерите. Ова истражување користи квантитативен метод и техника на прибирање квантитативни податоци – анкета/прашалник. За потребите на истражувањето конструиран е прашалник за оценување на перформансите односно евалуацијата на вработените и улогата на менаџерот за човечки ресурси во контакт-центарот.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2022 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Јован Пејковски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17814
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
mtodorovska2022.pdf5.49 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

89
checked on 18.7.2024

Download(s)

428
checked on 18.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.