АНАЛИЗА НА КАУЗАЛНОСТА ПОМЕЃУ ЗДРАВЈЕТО КАКО ДЕТЕРМИНАНТА НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Врската помеѓу здравјето и бруто-домашниот производ е во фокусот
на голем број истражувања, чиј консензус е постоење силна и позитивна
корелација помеѓу овие две варијабли на агрегатно ниво. Здравствените
перформанси и економските перформанси се меѓусебно поврзани.
Здравјето се мери со голем број индикатори, а најчести се очекуваниот
животен век, стапката на смртност кај новороденчињата и стапката
на плодност. Целта на овој труд е да се испита врската помеѓу
здравјето и економскиот раст, бидејќи повеќето емпириски докази
покажуваат дека здравата популација може да се смета како мотор
за економскиот раст. Поради тоа, оваа студија е наменета да утврди
дали постои каузалност, односно причинско-последична врска помеѓу
очекуваниот век на живеење и БДП по глава на жител, и ако има во
која насока. Оттука, Granger тестот за каузалност преку пристапот
Toda - Yamamoto е искористен за да се испита причинско-последичната
врска, односно за да се одговори на прашањето дали промените во
здравјето следуваат по промените во бруто-домашниот производ
или промените во растот следуваат по промените во здравјето.
Резултатите покажаа дека постои еднонасочна причинско-последична
врска, и тоа од здравјето (мерено преку очекуваниот век на живеење) кон економскиот раст, и дека согласно тестот за каузалност здравјето предизвикува промени, односно влијае врз економскиот раст во Северна Македонија со временско задоцнување од 3 години. Ваквите импликации се важни и треба да се имаат предвид при носење на идните одлуки од
страна на креаторите на макроекономските политики.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik-2020.pdf
Size
3.09 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):77743963a840f2a2b905c11ee0328bda