Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16803
Наслов: Креативна организациска клима и мотивација на вработени во приватен сектор
Authors: Бимбилоска, Тања
Keywords: мотивација, креативна организациска клима, менаџери, приватен сектор
Issue Date: 2022
Publisher: Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Бимбилоска, Тања (2022). Креативна организациска клима и мотивација на вработени во приватен сектор. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет, УКИМ.
Abstract: Во денешните современи услови на делување станува императивна потребата организациите да бидат постојано "будни", односно да бидат во тек со промените кои постојано се воведуваат, да бидат креативни и да воведуваат новини за да опстанат на пазарот. Глобализацијата со себе носи промени кои пак предизвикуваат огромни промени на пазарот. Креативната организациска клима ја создаваат и поттикнуваат менаџерите заедно со вработените кои се одговорни за целокупниот процес на фукнционирање на организацијата. Мотивацијата е темел на секојдневното функционирање и претставува движечка сила која ги поттикнува вработените на одредени однесувања, а токму поттикнувачи на овој процес се менаџерите, чија основна цел се човечките ресурси, односно вработените, грижата за нив, како и постигнувањето конкурентска предност, развивање креативна организациска клима, задржување на вработените во организацијата и успешно справување со кризи. Неопходно е менаџерите да се грижат за своите вработени и една од нивните главни преокупации треба да биде мотивацијата на човечките ресурси во организацијата, што би придонело за создавање пријатна работна атмосфера, а со тоа и напредок, конкурентна предност и профит во организацијата. Целта на овој труд е е да ја утврди поврзаноста на креативната организациска клима со мотивацијата (екстринзична и интринзична) на вработените во приватниот сектор.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2022 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Виолета Арнаудова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16803
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
tbimbiloska2022.pdf1.16 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

82
checked on 22.4.2024

Download(s)

186
checked on 22.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.