Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16055
Title: Хибридни суштества и зли демони: вовед во месопотамските верувања во ’инкарнираното’ зло
Authors: Тодоровска, Марија 
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тодоровска, М., „Хибридни суштества и зли демони: вовед во месопотамските верувања во ’инкарнираното’ зло“, Жива антика/Antiquité vivante 71, 2021, 49-84.
Journal: Жива антика / Antiquité vivante
Abstract: Целта на овој текст е да понуди прелиминарен терминолошки и концептуален вовед во, односно преглед на, основните елементи на месопотамските верувања во хибридните суштества и различните претставници на „инкарнираното“ зло, односно демоните кои се идентификувани, опишувани и изгонувани преку егзорцизам од Инкантациите против зли демони (Udug-hul или Utukku lemnutu инкантациите). Месопотамските религиозни пристапи кон нечовечките суштества се занемарена тема во локалното интелектуално милје, и затоа целта на текстот е само да воведе иницијални концепти од избраните книжевни и медицинско-магиски извори, но не и да навлезе во компаративна анализа на разновидните хибридни и/или зли суштества, ниту во интердисциплинарно истражување на формите, содржините и значењата на достапните извори во кои се споменуваат хибридите, чудовиштата и демоните. Трите групи (и типови) на суштества на кои им се обрнува внимание во текстот се таканаречените „Чудовишта“ од раскажувањата за космогонијата; разновидните хибриди од Визијата на Подземјето на асирскиот принц; и злите демонски дејствители идентификувани како закани, кои мора да бидат набркани преку строги егзор цистички ритуали од Инкантациите. Така, првин се разгледани Чу довиштата, групата на Четирите ветра, и космогониски релевантните Мудреци, натприродни хибриди, кои иако имаат доза на амбивалентност, никако не се демонски дејствители. Потоа, накратко е прикажан изгледот на Подземјето од Визијата, и хибридните суштества кои се мрачни и злокобни служители на Нергал, но не и демонски закани над земјата. Најголемо внимание е обрнато на различните демони од Инкантациите, при што може да се резимира дека, иако се знае за ужасот кој демоните го предизвикуваат (како вектори за болестите, и како зли причинители на енвиронментални, земјоделски, социјални и интерперсонални проблеми и страдања), како и за некои нивни атрибути (на дел од кои им се пристапува апофатички), поради нивната лиминална и скриена природа, тешко може да се утврди кои се нивните суштински карактеристики, та за тоа прегледот на демоните доминантно се однесува на нивните штетни и злокобни дејства, и нужноста од егзорцистичка исцелителска интервенција.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16055
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Show full item record

Page view(s)

96
checked on Mar 28, 2024

Download(s)

31
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.