Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16055
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorТодоровска, Маријаen_US
dc.date.accessioned2022-01-09T16:20:41Z-
dc.date.available2022-01-09T16:20:41Z-
dc.date.issued2021-
dc.identifier.citationТодоровска, М., „Хибридни суштества и зли демони: вовед во месопотамските верувања во ’инкарнираното’ зло“, Жива антика/Antiquité vivante 71, 2021, 49-84.en_US
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/16055-
dc.description.abstractЦелта на овој текст е да понуди прелиминарен терминолошки и концептуален вовед во, односно преглед на, основните елементи на месопотамските верувања во хибридните суштества и различните претставници на „инкарнираното“ зло, односно демоните кои се идентификувани, опишувани и изгонувани преку егзорцизам од Инкантациите против зли демони (Udug-hul или Utukku lemnutu инкантациите). Месопотамските религиозни пристапи кон нечовечките суштества се занемарена тема во локалното интелектуално милје, и затоа целта на текстот е само да воведе иницијални концепти од избраните книжевни и медицинско-магиски извори, но не и да навлезе во компаративна анализа на разновидните хибридни и/или зли суштества, ниту во интердисциплинарно истражување на формите, содржините и значењата на достапните извори во кои се споменуваат хибридите, чудовиштата и демоните. Трите групи (и типови) на суштества на кои им се обрнува внимание во текстот се таканаречените „Чудовишта“ од раскажувањата за космогонијата; разновидните хибриди од Визијата на Подземјето на асирскиот принц; и злите демонски дејствители идентификувани како закани, кои мора да бидат набркани преку строги егзор цистички ритуали од Инкантациите. Така, првин се разгледани Чу довиштата, групата на Четирите ветра, и космогониски релевантните Мудреци, натприродни хибриди, кои иако имаат доза на амбивалентност, никако не се демонски дејствители. Потоа, накратко е прикажан изгледот на Подземјето од Визијата, и хибридните суштества кои се мрачни и злокобни служители на Нергал, но не и демонски закани над земјата. Најголемо внимание е обрнато на различните демони од Инкантациите, при што може да се резимира дека, иако се знае за ужасот кој демоните го предизвикуваат (како вектори за болестите, и како зли причинители на енвиронментални, земјоделски, социјални и интерперсонални проблеми и страдања), како и за некои нивни атрибути (на дел од кои им се пристапува апофатички), поради нивната лиминална и скриена природа, тешко може да се утврди кои се нивните суштински карактеристики, та за тоа прегледот на демоните доминантно се однесува на нивните штетни и злокобни дејства, и нужноста од егзорцистичка исцелителска интервенција.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherФилозофски факултет, Скопјеen_US
dc.relation.ispartofЖива антика / Antiquité vivanteen_US
dc.titleХибридни суштества и зли демони: вовед во месопотамските верувања во ’инкарнираното’ злоen_US
dc.typeJournal Articleen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Philosophy-
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
Show simple item record

Page view(s)

19
checked on May 25, 2022

Download(s)

6
checked on May 25, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.