Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15709
Наслов: Улога на заедниците за учење во мотивирање на вработените за професионален развој
Authors: Алибеговска, Евелина
Keywords: заедница за учење, типологија на структурни карактеристики, интринзична мотивација, знаење, менаџмент на знаење, социјално учење
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Алибеговска, Евелина (2021). Улога на заедниците за учење во мотивирање на вработените за професионален развој. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: За разлика од статичните системи за менаџирање на знаењето, заедниците за учење нудат поинаков пристап на создавање и споделување на знаењето, со фокус на луѓето и социјалните структури. Истражувањето од овој магистерски труд нуди одговори на неколку клучни прашања: дали заедниците за учење се присутни како практика во организациите и институциите кај нас, какви се нивните карактеристики и дали се успешни како практики, и која е поврзаноста меѓу членувањето во заедниците за учење и интринзичната мотивација на членовите за учење и професионален развој. Преку прашалник со типологија на структурните карактеристики на заедниците за учење и инструмент за проценка на интринзична мотивација, администриран врз вработени во меѓународни и локални организации од граѓанскиот сектор и училиштата во Република Северна Македонија се утврди дека заедниците за учење се присутни во различни сфери на општествените дејности, имаат поволна организациска средина, соодветна институционална поддршка и теми релевантни на секојдневната работа на членовите, што ги прави ефикасни и успешни практики. Создавањето поволна организациска средина е клучно за ефективноста на заедниците за учење и влијае позитивно врз интринзичната мотивација за учење и развој на нивните членови.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Виолета Арнаудова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15709
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
ealibegovska2021.pdf2.52 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

36
checked on 18.7.2024

Download(s)

43
checked on 18.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.