Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15709
Title: Улога на заедниците за учење во мотивирање на вработените за професионален развој
Authors: Алибеговска, Евелина
Keywords: заедница за учење, типологија на структурни карактеристики, интринзична мотивација, знаење, менаџмент на знаење, социјално учење
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Алибеговска, Евелина (2021). Улога на заедниците за учење во мотивирање на вработените за професионален развој. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: За разлика од статичните системи за менаџирање на знаењето, заедниците за учење нудат поинаков пристап на создавање и споделување на знаењето, со фокус на луѓето и социјалните структури. Истражувањето од овој магистерски труд нуди одговори на неколку клучни прашања: дали заедниците за учење се присутни како практика во организациите и институциите кај нас, какви се нивните карактеристики и дали се успешни како практики, и која е поврзаноста меѓу членувањето во заедниците за учење и интринзичната мотивација на членовите за учење и професионален развој. Преку прашалник со типологија на структурните карактеристики на заедниците за учење и инструмент за проценка на интринзична мотивација, администриран врз вработени во меѓународни и локални организации од граѓанскиот сектор и училиштата во Република Северна Македонија се утврди дека заедниците за учење се присутни во различни сфери на општествените дејности, имаат поволна организациска средина, соодветна институционална поддршка и теми релевантни на секојдневната работа на членовите, што ги прави ефикасни и успешни практики. Создавањето поволна организациска средина е клучно за ефективноста на заедниците за учење и влијае позитивно врз интринзичната мотивација за учење и развој на нивните членови.
Description: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Виолета Арнаудова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15709
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
ealibegovska2021.pdf2.52 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

16
checked on May 25, 2022

Download(s)

7
checked on May 25, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.