Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15706
Наслов: Педагошкиот дизајн на учебниците во функција на учењето
Authors: Ќурчиевска, Aлександра
Keywords: учебник, содржина, графички дизајн
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Ќурчиевска, A. (2021). Педагошкиот дизајн на учебниците во функција на учењето. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Учебникот се смета за еден од најважните ресурси за учење на учениците во образовниот систем. Содржината на учебниците има важна улога во охрабрувањето и обезбедувањето на образовните потреби на ученикот, како и при олеснувањето на процесот на учење. Оттука содржината и графичкиот дизајн на учебниците во основното училиште е оценета и анализирана од аспект на мотивацијата на ученикот за учење. Ова истражување нѝ ги даде одговорите на следниве прашања: 1. Каков е квалитетот на содржината и графичкиот дизајн на учебниците кои се во употреба од прво одделение до петто одделение? 2. Колку влијаат квалитетот на содржината и графичкиот дизајн на учебниците од прво одделение до петто одделение врз мотивацијата на учениците? Во ова истражување доминира дескриптивниот метод поради тоа што е направена анализа на моменталните состојби со воопштување и споредување, додека како техники во ова истражување се користени: интервју со графички дизајнери на учебник, анкетирање на наставници, ученици и родители, како и скалирање на податоците. „Дескриптивноста, како карактеристика на квалитативните истражувања, е условена од целта на истражувачот да се приближи до испитаниците и да разбере што точно тие мислат за одредени општествени проблеми или ситуации.“ (Галевска, 1998) Од добиените резултати од спроведеното истражување можеме да донесеме заклучок за моменталниот квалитет на содржината и графичкиот дизајн на учебниците. Истовремено, можеме да ги одредиме клучните аспекти каде е потребно делување за нивно подобрување во иднина.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Наташа Ангелоска Галевска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15706
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
akjurcievska2021.pdf2.9 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

33
checked on 24.4.2024

Download(s)

151
checked on 24.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.