Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1120
Наслов: Играта кај деца со посебни потреби
Authors: Тошески, Костадин
Keywords: деца со посебни потреби, игра, психомоторен развој, стимулации, играчки
Issue Date: 2018
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Abstract: Овој магистерски труд има два суштински дела: теоретски и истражувачки дел. Целта е да се потенцира суштинското значење на играта кај децата со посебни потреби и позитивното влијанието кое го има таа за подобрување на состојбата кај овие деца. Ставен е посебен акцент на потешкотиите и ограничувањата со кои децата со посебни потреби се соочуваат во нивното секојдневие, а самата оваа проблематика беше иницијатор за започнување на ваквото истражување. Што се однесува на Истражувачкиот дел, дадена е методологијата на истражувањето и притоа се дефинира самото истражување како современо, применето, општествено, интердисциплинарно, трансферзално. Се дефинира и предметот на истражување, целта и карактерот на истражувањето, хипотезите, методите, техниките и инструментите, местото, времето, оргранизацијата и самиот тек на истражувањето и на крај, се разбира, анализата на податоците и нивниот графички приказ. Примерокот на истражување го сочинуваат 130 деца, сите на возраст од 3 до 10 години, поделени во три категории: 40 од испитаниците страдаат од церебрална парализа, 50 деца имаат Down синдром и 40 деца имаат аутизам. Во истражувањето се користеше дескриптивниот метод, а како техники беа искористени анализа на документацијата и анкетни прашалници. Од анализата и интерпретацијата на добиените резултати докажавме дека пречките во развојот кај децата предизвикуваат промена во начинот и видот на игри кои ги преферираат и дека неопходно е навремено да се интервенира, да им се обезбедат стимулативни средини за непречена игра, како еден од основните медиуми за учење, запознавање на светот и психомоторен развој. Односно, дојдовме до заклучок дека играта е еден од најважните, најесенцијални елементи, неизбежна за целокупниот развој на децата со посебни потреби.
Опис: Магистерска теза одбранета на 18 декември 2018 на Филозофскиот факултет во Скопје, пред комисија во состав: 1. проф. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска (ментор); 2. проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова; проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1120
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Tosheski Kostadin.pdf3.15 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

107
checked on 18.7.2024

Download(s)

1.546
checked on 18.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.