Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за струјни кола
Date Issued
2022
Author(s)
Ламбе Барандовски,Катерина Русевска, Владимир Петрушевски, Марина Стојановска,
Abstract
Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI), осмислени се активности и експерименти со примена на 5Е моделот кои се однесуваат на изучувањето на струјните кола низ кои тече еднонасочна струја. Бидејќи струјните кола се присутни во наставните програми по природни науки во второ, четврто и шесто одделение, како и подоцна во предметот физика во деветто одделение, активностите презентирани во овој труд може да се вклучат при реализација на голем број наставни единици како во основното така и во средното гимназиско и стручно образование, каде повторно учениците ја изучуваат оваа тема. Дел од експериментите може да бидат искористени и за работа со талентирани ученици.
Subjects
