Faculty of Economics

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/9

Browse

Search Results

Now showing 1 - 2 of 2
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Meѓународни организации и интеграции
    (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје, 2018)
    Целта на оваа книга е да се потенцира значењето и улогата на меѓународните организации и на регионалните интеграции во светската политика и глобалното управување што е предмет на постојани промени. Во неа е направен обид за нивно разграничување преку објаснување на нивните карактеристики, начинот на нивното функционирање и опсегот на нивните активности. Книгата содржи два дела и вкупно осум глави. Првиот дел на книгата е посветен на меѓународните организации, додека вториот дел се однесува на регионалните интеграции.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Мобилност на капиталот во ЕУ: права и ограничувања дефинирани според законодавството на ЕУ
    (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје, 2018)
    Слободното движење на капиталот во рамките на ЕУ било предвидено со Договорот од Рим, но, сепак, до средината на 90-те години од минатиот век, не постоело во практика кај голем број земји-членки. И покрај постигнатиот степен на мобилност на капиталот, пазарите на капитал се сè уште фрагментирани и недоволно развиени. Иако, пазарот на Европа има слична големина како пазарот на САД, капитализацијата на пазарот на хартии од вредност достигнува само половина од вредноста на онаа на пазарот на хартии од вредност во САД. Мобилноста на капиталот е поизразена во поглед на заемите и странските директни инвестиции. Поинтегрирани капитални пазари водат до зголемување на ефикасноста и ќе ѝ помогнат на ЕУ да го зголеми економскиот раст. Трудот ја анализира правната рамка во поглед на слободното движење на капитал во рамките на ЕУ, како и ограничувањата, дефинирани во законодавството на ЕУ. Целта е да се прикаже степенот на либерализација на капиталот во рамките на ЕУ, како и можностите за поголема интеграција на пазарите во Европа.