Мобилност на капиталот во ЕУ: права и ограничувања дефинирани според законодавството на ЕУ
Journal
Годишник на Економски факултет-Скопје, том 53
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Слободното движење на капиталот во рамките на ЕУ било предвидено
со Договорот од Рим, но, сепак, до средината на 90-те години од
минатиот век, не постоело во практика кај голем број земји-членки. И
покрај постигнатиот степен на мобилност на капиталот, пазарите
на капитал се сè уште фрагментирани и недоволно развиени. Иако,
пазарот на Европа има слична големина како пазарот на САД,
капитализацијата на пазарот на хартии од вредност достигнува само
половина од вредноста на онаа на пазарот на хартии од вредност во
САД. Мобилноста на капиталот е поизразена во поглед на заемите и
странските директни инвестиции. Поинтегрирани капитални пазари
водат до зголемување на ефикасноста и ќе ѝ помогнат на ЕУ да го
зголеми економскиот раст. Трудот ја анализира правната рамка во
поглед на слободното движење на капитал во рамките на ЕУ, како и
ограничувањата, дефинирани во законодавството на ЕУ. Целта е да се
прикаже степенот на либерализација на капиталот во рамките на ЕУ,
како и можностите за поголема интеграција на пазарите во Европа.