Faculty of Economics

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/9

Browse

Search Results

Now showing 1 - 10 of 131
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    КЕЈНЗИЈАНИЗМОТ КАКО ФУНДАМЕНТ НА ЕКОНОМСКАТА ТЕОРИЈА И ПОЛИТИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕКОНОМСКИТЕ ЦИКЛУСИ - СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА
    (Економски факултет - Скопје, 2016)
    Глобалната економска криза беше причина за актуелизирање на прашањата и дилемите, поврзани соодржливоста на доминантните макроекономски концепции и за ефикасното дизајнирање на клучните макроекономски политики, со цел поефикасно справување со економските флуктуации. Трудот најпрвин ја елаборира Кејнзијанската концепција и нејзините основни карактеристики и препораки за макроекономските политики во услови на економски нарушувања и кризи; потоа укажува на недостатоцитее/јазот кој го направи глобалната криза помеѓу економската теорија и економската политика; и на крај преку споредба на главните елементи на економскиот одговор во услови на глобалната криза и клучните Кејнзијански препораки за економската политика, утврди дека Кејнзијанската економска теорија во доминантен дел претставувала фундамент на економските политики кои се преземале во услови на криза. Притоа треба да се има предвид фактот дека оптималната мешавина од економски концепции претставува главна детерминанта на ефикасноста на економските политики и решавањето на проблемите во економската практика.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Фискална политика, фискална одржливост во мала и отворена економија во услови на глобалните економски нарушувања – случајот на Република Македонија
    (Институт за икономически изследвания при Българка академия на науките и Македонска академија на науките и уметностите, 2017)
    ;
    Глобалната економска криза, како и Европската должничка криза ставија нов акцент на одржливоста на јавните финансии и силно ја истакнаа потребата од балансирање помеѓу краткорочните стабилизациони цели и долгорочната фискална позиција. Во ваква ситуација на брзо зголемување на јавниот долг, чувствителен економски раст и сè уште разнишана доверба на меѓународните финансиски пазари, проблематиката на фискална одржливост стана значајно прашање и тема на голем број истражувања, студии и книги. Овој проблем е исклучително важен за земјите членки на ЕУ, а уште повеќе за земјите кои планираат да се интегрираат во ЕУ, имајќи предвид дека при глобални економски нарушувања се покажа дека фискалната политика е првиот “камен на сопнување” за одржливата макроекономска стабилност на унијата. Република Македонија, како претставник на малите и отворени економии не беше исклучок од глобалните трендови во оваа насока. Силната фискална експанзија во последните неколку години во земјава ја стави на испит нејзината фискална одржливост, со оглед на брзата динамика на пораст на нивото на задолженост. Имајќи ја предвид големата важност на фискалната одржливост за макроекономската стабилност на земјава, во фокусот на овој труд се јавните финансии, фискалната политика и фискалната одржливост на Македонија во услови на последните економски нарушувања- глобалната криза и Европската должничка криза. Централниот акцент на трудот е ставен на утврдувањето на долгорочната одржливост на фискалната политика низ елаборирање на движењата на главните фискални варијабли и досега реализираните емпириски истражувања со цел јасно укажување на потребата за приспособување, промена на курсот кон консолидација и зголемување на ефикасноста на фискалната политика.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија
    (Економски факултет - Скопје, УКИМ, 2013)
    Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, во економската наука (бројни конференции, трудови, книги, јавни дебати итн.) се сметаше дека не постои сериозна опасност од големи економски флуктуации, дека економскиот циклус е „мртов― и дека инструментариумот на економската политика успешно може да се справи со секој предизвик. Меѓутоа, денешната глобална економска криза ги разниша тие убедувања, а со тоа ги разниша не само темелите на економската политика, туку и теоретските фундаменти на тие политики. Глобалнaта економска криза беше причина за актуелизирање на прашањата и дилемите поврзани со дизајнирањето на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) – нивните меѓусебни интеракции, како и нивната ефикасност/ефекти на останатите макроекономски варијабли. Оваа криза беше причина, од една страна, за откривање на границите на монетарната политика, нивно редизајнирање со спроведување бројни неконвенционални мерки, а од друга страна, причина за зголемување на значењето и фокусот кон експанзивните фискални политики (посебно кај економиите со доволен фискален простор) и нивната улога во стабилизирањето/стимулирањето на економската активност. Прифаќајќи го овој предизвик, истражувањето во докторската дисертација го фокусираме на економската теорија, економската стварност и креирањето на економската политика (пред сè, фискалната и монетарната политика), во контекст на предизвиците што ги наметна денешната глобална економска криза. Акцент е ставен на дизајнирањето на клучните макроекономски политики во глобални рамки сопосебен осврт на специфичната ситуација во Р. Македонија. Нашата основна цел претставува најпрвин да се утврдат причините, трансмисијата и последиците што ги предизвика глобалната економска криза, а потоа да се утврдат лекциите за дизајнирање оптимални макроекономски политики кои успешно ќе се справуваат со ваквите предизвици во иднина (САД, ЕУ, земјите во развој). Посебен осврт е направен на трансмисијата на глобалната криза, одговорот од економските политики, нивните интеракции и ефикасност во Р. Македонија, со цел да се дадат конкретни препораки за креирање оптимална макроекономска политика во иднина.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Ефикасноста и одржливоста на јавните финансии во Република Македонија
    (Македонска Академија на Науките и Уметностите, 2019)
    ;
    Глобалната економска криза, како и должничка криза во Европа, ставија нов акцент на одржливоста на јавните финансии и силно ја истакнаа потребата од балансирање помеѓу краткорочните стабилизациони цели и долгорочната фискална одржливост. Во ваква ситуација на брзо зголемување на јавниот долг, чувствителен економски раст и сè уште делумно разнишана доверба на меѓународните финансиски пазари, проблематиката поврзана со јавните финансии и фискална одржливост станаа значајно прашање и тема на голем број истражувања, студии и книги. Овој проблем е исклучително важен за земјите што планираат да се интегрираат во ЕУ, имајќи предвид дека при глобални економски нарушувања се покажа дека фискалната политика е првиот “камен на сопнување” за одржливата макроекономска стабилност на унијата. Македонија, како претставник на малите и отворени економии, не беше исклучок од глобалните трендови во оваа насока. Силната фискална експанзија во последните неколку години во земјава ја стави на испит нејзината фискална одржливост, со оглед на брзата динамика на пораст на нивото на задолженост. Во оваа насока треба да ги имаме предвид сите фактори и предизвици со кои се соочуваме, а кои ја прават нашата економија исклучително ранлива на промени во опкружу- вањето со понатамошни реперкусии врз фискалната сфера. Ова е првиот предизвик во равенката на фискалната политика што ќe биде анализиран, втората исклучително важна тема која e елаборирана во трудот се однесу- ва на ефикасноста и на ефективноста на јавните финансии во Македонија и нивните ефекти врз економската активност. Со цел да се зголеми ефи- касноста на трошењето на јавните пари, како посебен предизвик се јавува усогласувањето на фискалните реформи и на задолжувањето со структур- ните реформи (во сферата на трудот, социјалата, трговијата, СДИ), како и сериозно мерење и управување со резултатите од овие реформи.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа
    (Здружение на финансиски работници, 2018-04)
    ;
    ;
    Nenovski, Tome
    ;
    Acevski, Maksim
    ;
    Andreevski, Ljupce
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Исламската економија како алтернативен пристап во справување со финансиските кризи во иднина
    (Економски факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2019)
    ;
    Финансиската криза од 2008 година беше најсериозната криза после Големата депресија. Во основата на глобалната криза која се појави во САД, а потоа се прошири низ целиот свет се наоѓаше најголемиот станбен и кредитен балон. Иако во основата се наоѓаше балонот во цените на недвижностите, главните причини за појавата на ваква финансиска и економска криза од глобални размери во основа се наоѓаа во финансиските иновации, системот на контрола и супервизија во финансискиот сектор, „гладта“ за профит, глобалните економски дебаланси и релаксираните монетарни политики во периодот пред кризата. Анализата во трудот покажа дека со цел да се избегне некоја идна криза која ќе има многу посериозни последици врз глобалната економија, потребно е да се направат сериозни промени кои ќе ја вратат дисциплината во финансискиот систем и ќе елиминираат дел од нееднаквостите и неусогласеностите во елементите на актуелниот финансиски систем. Имајќи ги предвид претходно наведените причини за појавата на глобалната економска и финансиска криза од 2008 год. и ефектите од истата во трудот исто така се обидуваме да ги анализираме и посочиме потенцијалните елементи во исламската економија и финансии кои можат да елиминираат голем дел од недостатоците во тековниот финансиски систем и да се појават како алтернатива на конвенционалните финансии.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Креирање и примена на политиката за заштита на конкуренцијата во македонската економија: формално исполнување на домашната задача во процесот на интеграција кон ЕУ или реална потреба од поголема пазарна конкуренција
    (Македонска Академија На Науките и Уметностите, МАНУ - Скопје, 2019)
    Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2001 година, со членовите 39, 69 и 70 од овој документ, Република Северна Македонија се обврза за развој на соодветна регулатива за сеопфатна борба против ограничувањата на пазарна конкуренција во домашната економија и монополското однесување. Водени од активностите и преземените задачи во процесот на асоцијативно членство кон Европската Унија, во 2010 година се донесе нов Закон за заштита на конкуренцијата (Сл. Весник на РМ бр.145/10 од 28.2.2010) кој во значителен степен беше усогласен со европската антитрустовска легислатива и се создадоа услови за соодветен институционален развој на политиката за заштита на конкуренцијата. Меѓутоа, и по речиси една декада од донесувањето на ‘современиот’ Закон за заштита на конкуренцијата, оваа политика остана на нивото на ‘концепт’ во напорите за поттикнување на пазарната конкуренција. Институционалната потентност поддржана од несоодветните финансиски ресурси и административен капацитет ја направи оваа политика без свој лик и кредибилитет пред пошироката деловна и стручна јавност. Оттука, целта на овој труд е преку емпириска анализа на работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која го опфаќа периодот од 2010 до 2018 година, да ги долови клучните слабости во примената на политиката за заштита на конкуренцијата и да даде конкретни препораки и сугестии за надминување на истите.