Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија
Date Issued
2013
Author(s)
Abstract
Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, во економската наука (бројни конференции, трудови, книги, јавни дебати итн.) се сметаше дека не постои сериозна опасност од големи економски флуктуации, дека економскиот циклус е „мртов― и дека инструментариумот на економската политика успешно може да се справи со секој предизвик. Меѓутоа, денешната глобална економска криза ги разниша тие убедувања, а со тоа ги разниша не само темелите на економската политика, туку и теоретските фундаменти на тие политики. Глобалнaта економска криза беше причина за актуелизирање на прашањата и дилемите поврзани со дизајнирањето на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) – нивните меѓусебни интеракции, како и нивната ефикасност/ефекти на останатите макроекономски варијабли. Оваа криза беше причина, од една страна, за откривање на границите на монетарната политика, нивно редизајнирање со спроведување бројни неконвенционални мерки, а од друга страна, причина за зголемување на значењето и фокусот кон експанзивните фискални политики (посебно кај економиите со доволен фискален простор) и нивната улога во стабилизирањето/стимулирањето на економската активност. Прифаќајќи го овој предизвик, истражувањето во докторската дисертација го фокусираме на економската теорија, економската стварност и креирањето на економската политика (пред сè, фискалната и монетарната политика), во контекст на предизвиците што ги наметна денешната глобална економска криза. Акцент е ставен на дизајнирањето на клучните макроекономски политики во глобални рамки сопосебен осврт на специфичната ситуација во Р. Македонија. Нашата основна цел претставува најпрвин да се утврдат причините, трансмисијата и последиците што ги предизвика глобалната економска криза, а потоа да се утврдат лекциите за дизајнирање оптимални макроекономски политики кои успешно ќе се справуваат со ваквите предизвици во иднина (САД, ЕУ, земјите во развој). Посебен осврт е направен на трансмисијата на глобалната криза, одговорот од економските политики, нивните интеракции и ефикасност во Р. Македонија, со цел да се дадат конкретни препораки за креирање оптимална макроекономска политика во иднина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
BorceTrenovski2013.pdf
Size
9.47 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8115b820d07a00a81c46b96df7a9cf17
