Faculty of Design and Technologies of Furniture and Interior
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/7
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Влијание на диспозициите на бичење врз квантитативното искористување на пиланските трупци од ела/смрча (Abies alba Mill. /Picea abies L.)(Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, 2026-01-12)Во докторскиот труд се прикажани резултати за пилански трупци од ела/смрча, за диспозициите на бичење, начините на бичење и квантитативното искористување на трупците во бичени сортименти. Влијанието на диспозииите на бичење е дефинирано со распоредот на резовите на тенкиот крај на трупците. Диспозициите се формирани зависно од сортиментската структура на сортиментите. Диспозициите се симетрични и несиметрични. Симетрична диспозиција е користена при бичење на трупци со дијаметар на тенкиот крај до 40,0 cm. Бичењето на трупците е наменско. Трупците се бичени по пат на остро (затворено, групно) бичење и призмирање/разбичување на призма. Тие се распоредени во 8 дебелински групи со дијаметар од 26,0 до 65,0 cm, должина 4,0 m, класа на квалитет I/II, пад на дијаметар од 0,50 до 1,00 cm/m и влажност од 47,0 до 56,0 %. Во секоја дебелинска група од 26,0 – 30,0 cm до 61,0 – 65,0 cm се анализирани по 10 трупци. Средниот пад на дијаметарот изнесува 0,72 cm/m. Квантитативното искористување (остро бичење), за трупците со дијаметар од 26,0 до 40,0 cm изнесува од 66,20 до 69,91%. Средната вредност за квантитативното искористување при остро бичење изнесува 68,07%. Квантитативното искористување (призмирање/разбичување на призма), за трупците со дијаметар од 41,0 до 65,0 cm, изнесува од 67,55 до 75,50%, со средна вредност 73,67%. Квантитативното искористување во дрвени летви и окрајчена граѓа на трупци со дијаметар од 52,0 до 59,0 cm, I/II класа на квалитет, пад на дијаметар од 0,50 до 1,75 cm/m и дрвна зафатнина од 7,777 m3 изнесува 72,66%. Од вкупното квантитативно искорисутвање, дрвените летви учествуваат со 51,89%, а окрајчената граѓа со 20,77%. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ВЛИЈАНИЕ НА ГЕОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОИ СОСТАВИ ДОБИЕНИ СО ОБРАБОТКА НА CNC - МАШИНА ВРЗ ЈАКОСТИТЕ КАЈ КОНСТРУКЦИИТЕ НА СТОЛОВИ ОД ДРВО(2025)Nikola MihajlovskiТипот на налегнувањето и точноста на обработка на составите со чеп и отвор имаат влијание врз јакостите, а со тоа и врз издржливоста на дрвените столови. Во финалното производство за овој вид на состави се препорачува цврсто налегнување со преклоп од 0.1 до 0.2mm. Со развојот на CNC технологијата, денес во подем се машини таканаречени “CNC центри” со повеќе последователни операции за изработка на финални елементи од мебел. Точноста на мерењето е дел од производствената метрологија и е од пресудно значење за запазување на толеранциите и налегнувањата. Поради големата точност и брзина на мерење се почесто се користат координатни мерни системи каде најзастапени се координатните мерни машини (CMM). Во системот на стандарди GPS (Geometrical product specifications) пропишана е една матрица која ги опфаќа сите геометриски карактеристики на производот: димензии, облик, правец, положба, агли, како и квалитетот на површините. Целта на ова истражување е да се добијат информации за влијанието на квалитетот на обработка, искажан преку геометриските карактеристики на составите од чеп и отвор добиени со обработка на CNC машина врз јакостите кај конструкциите на столови. Експерименталното истражување беше изведено на три најчесто употребувани состави од чеп и отвор. Пробните парчиња беа изработени од буково дрво (Fagus Sylvatica). Еден дел од составите беа изработени со конвенционална технологија, а другиот дел со CNC технологија. Лепењето на составите беше извршено со поливинил ацетатно лепило (PVA) тип D2. Мерењето на геометриските карактеристики на пробните парчиња беше извршено на СММ - координатна мерна машина. Рапавоста на површините беше мерена со контактен метод и дефинирана со параметрите Ra, Rz и Rmax. Предмет на испитување од механичките својства на составите беа јакоста на свивање и јакоста на истегнување. При изработка на состав од овален чеп и отвор изработен на CNC технологија, дебелината на чепот е во НТ 10, а на отворот НТ 40 класа на точност на обработка. Отстапувања од номиналната мера кај геометриските карактеристики на составот имаме во кружност, паралелност, правоаголност и симетричност со вредност од -0.026mm до 0.470mm. Добиена рапавост на површината при изработка на чепот е Ra = 10.1μm, Rz = 75.3μm и Rmax = 91.8μm. Составите кај кои имаме налегнување со преклоп од -0.1 mm до -0.2 mm, јакоста на кршење при свивање е значајно поголема за 17.4% од силата на кршење на составите каде имаме неизвесно или лабаво налегнување. Составите кои имаат неизвесно или лабаво налегнување имаат еднаква сила на кршење при истегнување со составите кај кои налегнувањето е со преклоп. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ВЛИЈАНИЕ НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА ПРОЗОРЕЦОТ ВРЗ КРАЈНИОТ КВАЛИТЕТ НА ПРОЗОРЕЦОТ И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ(2024-05-22)Jevtoska, ElenaПрозорецот како градежен производ има за цел на објектот да му пружи природна светлина и можност за проветрување на ентериерот, но истовремено и да ја заштити просторијата од надворешни влијанија како што се ветар и дожд како и да спречи неконтролирано ладење или греење на просторијата односно објектот во која е вграден. Со оглед на намената квалитетен прозорецот е оној кој штити од продор на воздух, продор на вода, отпорност на ветер како и неконтролирано губење на енергијата. Прозорецот е комплексен производ кој е составен од различни делови кои може да бидат направени од различни материјали. Во рамките на ова истражување ќе бидат тестирани различни видови на прозорците кои ќе дадат можност за споредба на добиените резултати со што ќе се добие податок кои составни елементи имаат влијание врз крајниот квалитет на прозорецот и врз неговата енергетска ефикасност. Основната цел е да се докаже колку изработката на прозорците, користениот профил, користениот оков, користеното стакло влијаат врз одредени делови од квалитетот на прозорецот како и врз енергетската ефикасност на прозорецот. За да се направи истражувањето ќе бидат тестирани различни прозорци согласно европските норми EN 1026:2016 (тест метода за пропустливост на воздух), EN 1027:2016 (тест метода за пропустливост на вода), EN 12211:2016 (тест метода за отпорност на ветар). Прозорците ќе бидат селектирани во различни групи кои ќе овозможат споредба на резултатите. На различни видови на прозорци со користење на различни стакло пакети ќе биде направена и математичка пресметка за коефициентот на топлоспроводливост согласно ЕN ISO 10077-1 (калкулативна метода за пресметка на топлинска пропустливост за прозорци и врати).
